8 прехранбени продукти кои ќе ве држат будни по неспана ноќ
Речиси на секого му се има случено да сака да заспие на работното место. Но за среќа постои храна која може да ве држи будни без разлика колку малку сте спиеле претходната ноќ. Бидејќи секоја храна има различни материи, можно е некоја храна да делува подобро од друга. Ако ви е потребна енергија, избегнувајте едноставни јаглехидрати како тестенини, или што било со многу шеќер.
1. Додајте лосос во салатата
Лососот е богат со омега 3 масни киселини кои телото лесно ги претвора во енергија. Парче лосос во вашата салата ќе ви го даде потребното количество протеини и ќе ви помогне да останете будни.
2. Старото сирење ќе ве разбуди веднаш
Иако ова не е најздравата опција, мало парче постаро сирење може да ви биде од помош. Аминокиселината наречена тирамин се наоѓа во ферментираната храна и го стимулира мозокот помагајќи ви да се чувствувате посвежо.
3. Темно чоколадо за фокус
Колку потемно, толку подобро. Темното чоколадо е добро за енергија поради високата концентрација на какао. Какаото го намалува стресот и ја зголемува вашата енергија и способноста за фокусирање.
4. Чиа семе за хидратација
Колку похидрирани сте, толку посвежо ќе се чувствувате. Токму поради ова чиа семето е одлично за овие ситуации. Овие семки ќе ви помогнат да ја задржите водата што ја пиете во текот на денот. Покрај тоа, чиа семето е богато со протеини и влакна, па нема да се чувствувате изморено по зголемувањето на енергијата.
5. Бананите се подобри од енергетските пијалаци
Според едно истражување од 2012-та година, бананите го подобруваат вашиот перформанс и вашата енергија многу повеќе од енергетските пијалаци. Сличен ефект имаат и крушите.
6. Бадемите се одличен начин за зголемување на енергијата
Една рака бадеми не само што е најлесната ужина, туку е одличен начин да се ослободите од заморот. Бадемите се полни со здрави мононезаситени масти кои ќе го одржат нивото на вашата енергија.
7. Кељот ги има сите витамини кои ќе ве одржат будни
Кељот, заедно со другиот зелен лиснат зеленчук, е полн со витамини Ц и К, калциум и бета каротен. Сите овие материи го одржуваат нивото на вашата енергија. Една голема порција кељ е одлична опција за вашата енергија.
8. Едамаме за попладневна поспаност
Ако ја сакате јапонската кујна, сигурно ќе ве израдува фактот дека едамаме гравот е одличен за подигнување на нивото на енергија. Тој е полн со хранливи влакна и е непреработен вид соја што го прави вистинска енергетска машина.
Прочитајте и кои витамини и минерали ќе ја зголемат вашата енергија.