Има нешто во попладневните часови, веднаш по ручекот. Многу луѓе чувствуваат голем замор помеѓу 14 и 17 часот и навистина им е тешко да го поминат тој период. Ако ја немате слободата сами да ги правите распоредот, голема е веројатноста тој период да сте на работа и да мора да останете будни. Во овој случај, повеќето посегнуваат по кафе мислејќи дека ќе го решат проблемот. Но ако сакате да го намалите внесот на кофеин, оваа опција не е за вас. Сепак, постои и решение за ова. Следниве совети ќе ви помогнат да ја победите попладневната поспаност без кофеин.rnrn
rn
1. Прошетајте
rnПонекогаш излегувањето надвор и дишењето свеж воздух може да направи многу за вашата психа. Ако ви дозволуваат временските услови, излезете и прошетајте малку. Пуштете си музика која ќе ве расони и возбуди, а потоа вратете се свежи на работното место.rn
2. Пијте вода
rnНа телото му е потребна вода за да преживее и напредува. Па, почнете да се навикнувате да пиете многу вода. Вашето тело ќе функционира подобро, нема да се чувствувате мрзеливо а вашето внимание ќе стане подобро. За да го избегнете честото одење во тоалет, немојте да пиете многу вода одеднаш. Доволно е по една голтка одвреме-навреме за подобро да се апсорбира.rn
3. Слушајте музика
rnПонекогаш самите звуци во канцеларијата можат да ве заспијат. Ако ви е дозволено, ставете си слушалки и пуштете музика додека работите за да го стимулирате вашиот мозок. Се разбира, внимавајте да не им пречите на вашите колеги.rn
4. Направете пауза од 10 минути за вежбање
rnАко не можете да ја напуштите канцеларијата за прошетка, пронајдете скали и неколку пати качете се и симнете се по нив. Направете неколку скокови, и неколку јога вежби за истегнување. Чукањето на вашето срце ќе забрза а вашиот ум ќе биде стимулиран.rn
5. Решавајте загатки
rnЗагатките се одличен начин да го стимулирате вашиот ум. Можете да симнете некоја апликација на вашиот смартфон или пак да изиграте брза партија шах со некој колега. Научниците препорачуваат да се играат вакви игри, особено во староста бидејќи го стимулираат мозокот и го намалуваат ризикот од појава на Алцхајмер и деменција.rn
6. Јадете нешто полесно за ручек
rnАко вашиот ручек бил обилен, големи се шансите да ви биде тешко да останете будни. Јадете храна која е лесна за вашиот стомак и гледајте да внесете повеќе растенија. Ќе бидете заситени, но и будни.rn
7. Искористете ја моќта на природните тревки и масла
rnАко сакате да го избегнете кафето, направете си чај, додајте природен засладувач (како мед) и ќе добиете природен зголемувач на енергија. Есенцијалните масла се терапевтски, па можете да ги користите на работното место. Ако имате навлажнувач за воздух, ставете неколку капки масло од нане. Исто така можете да го нанесете маслото и на пулсирачките точки на вашето тело.rn
8. Земете витамин Б12
rnМногу луѓе ги сакаат додатоците за исхрана со Б12 бидејќи тој дава енергија. Постојат неколку начини на кои можете да го консумирате. Можете да го купите како прашок или како капсули. Дури можете да добиете и инјекција со Б12.rn
Намалете го кафето, но не и енергијата
rnПоради популарноста на кафето, многу луѓе не ни размислуваат за алтернативните решенија кои се достапни. Иако шолјата кафе има одличен вкус, сепак не треба да се претера со негова консумација. Овие совети навистина ќе ви помогнат во тоа.rnrnПогледнете и кои се природните додатоци во исхраната кои ќе ви помогнат да се справите со хроничниот замор.
