Медицинската сестра и бабица, Емили Дајл, се породила сама со царски рез. Оваа супержена сакала да биде целосно вклучена во нејзиното трето породување по компликациите што ги имала со претходните. Нејзиниот прв син Грејсон се родил со царски рез и починал по 10 дена, поради здравствени компликации што го спречиле развојот на неговите бели дробови. Кога Дајл, го раѓала второто дете, сега 4-годишната Ела, Дајл била премногу болна за да може активно да учествува во изведувањето на царскиот рез.rnrn
rnrnКога Дајл дознала дека е бремена со трето дете, знаела дека мора да им помогне на нејзините колеги и доктори за време на нејзиното породување. Пред породувањето, таа ги измила рацете, ставила ракавици и најмила фотографка по има Сара Хил за да го документира целиот настан. Интересно е тоа што Дајл ѝ била бабица на Хил и ѝ помогнала да го роди нејзиното бебе пред 2 години. Хил изјавила дека докторите го пукнале воденикот на Дајл и ѝ го пресекле стомакот за да може полесно сама да се породи.rnrn
rnrnДодека го вадела бебето од својот стомак, Дајл била изненадена кога видела дека се работи за девојче. Таа била сигурна дека ќе роди момче.rn
„Бев шокирана и изненадена. Навистина не мислев на тоа што стомакот ми е ширум отворен. Си мислев само ’Леле, господе! Навистина е девојче!’“, изјавила Дајл.
rn
rnrnКога го извадила девојчето по име Ема, се воздржала од тоа да го бакне, бидејќи сакала сѐ да остане стерилно и не сакала да го загрози неговото здравје.rn
„Постојано ја доближував до моето лице, ја гледав и си мислев на тоа колку многу сакам да ја прегрнам“, открила Дајл.
rn
rnrnЕма била родена во 11.17 наутро на 11-ти март, што веднаш ја потсетило Дајл на Грејсон кој се родил на 17-ти. Дајл се надева дека нејзината приказна ќе им помогне да жените кои ќе се породуваат со царски рез. „Дури и да не го вадите бебето сами, сепак може да бидете активен дел од вашето породување и да имате одлично искуство“, им порачува Дајл на сите идни мајки.rnrn
rnrnПогледнете ги и овие неверојатни фотографии од тинејџерка што ѝ помогнала на мајка си при породувањето.