За многу луѓе, првото породување на кое присуствуваат е она кога самите се породуваат. Но, ова не важи за 12-годишната Џеси Делапена. Таа не само што го гледала целиот процес, туку директно помогнала!rnrn
rnrnПостарите браќа или сестри се „запознаваат“ со новородените братчиња или сестричиња некое време после нивното доаѓање на овој свет. Во просторијата за породување најчесто мајката е сама или во некои случаи, придружена од страна на таткото.rnrn
rnrnНо ова не важи за малата Џеси. Наместо да седи во чекалната, таа била во собата со мајка си и активно учествувала во пречекувањето на своето братче.rnrn
rnrnНа фотографиите ја гледаме Џеси како му помага на докторот. Прв пат кога ја прашал дали би сакала да помогне, таа најпрво ја одбила понудата. Но кога тој забележал колку многу ја подржува мајка си, ја прашал уште еднаш, и тогаш прифатила. Џеси е навистина храбра млада дама што ги заслужува сите пофалби!rnrn
rnrnМајка ѝ подоцна изјавила дека била пресреќна што ќерка ѝ учествувала во овој голем момент од нејзиниот живот и смета дека нејзината помош ги зближила уште повеќе од претходно. Што мислите, дали вие би ѝ дозволиле на вашата ќерка да ви помогне на овој начин при породувањето?rnrn
rnrnПогледнете ја и оваа вистинска приказна за пријателството на едно мало девојче со еден старец.
Неверојатни фотографии од тинејџерка што ѝ помогнала на мајка си при породувањето
