Веројатно кога ќе ви спомнат вежбање првото нешто на коешто помислувате е одењето во теретана. Но, реалноста е дека можете да правите некои лесни вежби и во вашиот дом. Погледнете ги овие неверојатни вежби кои во комбинација со правилна исхрана може да бидат навистина ефективни.rn
1. Странично подигнување на ногата
rn
rnrnЗастанете на дланките и колената и исправете го грбот. Подигнете ја едната нога колку што можете и држете ја под агол од 90 степени. Вратете ја во почетната положба. Повторете 10 пати, па направете ја вежбата и со другата нога.rn
2. Планк со подигнување на ногата
rn
rnrnЗастанете во положба за склекови. Подигнете ја едната нога и држете ја позицијата 1 секунда. Спуштете ја ногата и повторете со другата.rn
3. Мост
rn
rnrnЛегнете на грб и подигнете го задникот. Останете во оваа положба и бавно спуштете се доле. За поголем интензитет можете да ја кренете едната нога, а потоа да повторите и со другата.rn
4. Латерални подигнувања на ногата
rn
rnrnЛегнете на страна, а колковите нека ви бидат точно еден на друг. Подигнете ја горната нога и бавно вратете ја во почетната положба. Повторете 10 пати, па направете ја вежбата и со другата нога.rn
5. Руски твист
rn
rnrnСеднете со свиткани колена. Малку навалете се наназад и подигнете ги стапалата. Полека завртете го горниот дел од телото на едната страна, вратете се во почетната положба, па завртете се на другата страна.rn
6. Планк
rn
rnrnОва е многу едноставна, но ефективна вежба. Свиткајте ги лактите и поставете ги точно под вашите рамена. Вашето тело треба да формира права линија од главата до стапалата. Држете ја положбата колку што можете. Грбот држете го исправен.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
