Февруари ќе биде најдобриот месец во годината за следниве 3 хороскопски знаци

Февруари ќе биде најдобриот месец во годината за следниве 3 хороскопски знаци

Соларната еклипса што можеме да ја очекуваме на 15-ти февруари ќе ги поттикне новите почетоци, барем така тврдат астролозите. Почетоците може да се поврзани со некое долго и тешко патување, но може и да ги означи првите чекори што ги преземаме на патот кон успехот. Иако сите хороскопски знаци ќе го почувствуваат влијанието на соларната еклипса, таа ќе им донесе голема среќа само на тројца од нив. Прочитајте за кои хороскопски знаци станува збор…

Февруари ќе биде најдобриот месец во годината за следниве 3 хороскопски знаци

Вага: Дома си е дома

Како награда за тоа што го преживеавте бурниот јануари, ѕвездите ќе ви дадат мир и спокој. По месечевата еклипса на 31-ви јануари, конечно им кажавте збогум на токсичните елементи во вашиот живот. Време е да уживате во вашата новооткриена слобода! Овој месец ќе ви биде толку удобно дома што воопшто нема да сакате да излегувате. А и зошто би излегувале? Одлично се согласувате со вашите сакани, спиете доволно и квалитетно и по сета напорна работа, заслужувате малку одмор. Наместо да се чувствувате обврзани да излезете, поканете ги пријателите кај вас дома на пијалак. Испланирајте филмска вечер или забава. Преуредете го домот. Прочитајте книга. Купете си нова постелнина. Вашиот дом ве привлекува како магнет, бидејќи токму таму и треба да бидете!

Јарец: Грижата за себе е одговорот на вашите маки

Сето ваше внимание го посветувате на кариерата. Тоа е супер, бидејќи одлично ви оди. Меѓутоа, мора да внимавате да не ги потрошите батериите. Вашата кариера нема да страда ако се фокусирате и на другите области од вашиот живот. Напротив! Вашата кариера ќе напредува, додека вие сте зафатени со нешто друго. Сега е време да почнете да се грижите за себе. Вашата душа треба да блеска преку вашата кожа. Одете во теретана, вежбајте јога, хранете се здраво! Вашето тело ќе ви биде благодарно. Одвојте некој денар за да одите во спа центар и ослободете се од негативната енергија со масажа или маска за лице. Планирајте незаборавни авантури со вашите сакани. Дајте си го третманот што го заслужувате!

Риби: Нов неверојатен свет

Соларната еклипса на 15-ти февруари ќе ве натера да се ослободите од вашите застарени погледи кон светот. Тоа на почеток ќе ви делува страшно, но откако ќе ги отсечете старите корени, ќе забележите колку брзо ќе расцутите. Ќе почнете ново животно поглавје. Ќе го гледате светот во поживи бои. Вашите сакани ќе се појават во ново светло. Можеби и ќе сфатите што навистина сакате да правите во животот. Сето ова ќе ве просветли. Одвојте време за водење дневник, медитација, прошетки во природа и сѐ друго што би ви помогнало да се осознаете себеси. Слушајте внимателно, бидејќи вашиот внатрешен глас ќе ви зборува јасно и гласно. Следете ја вашата интуиција месецов и не вртете се назад!

Сепак, февруари нема да биде толку сјаен за некои хороскопски знаци. Ова се 3-те хороскопски знаци за кои февруари ќе биде најлош месец.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар