Денес во Македонија и во светот се одбележува Меѓународниот ден на детето.rnrn
rnrnДенот на детето е еден од најстарите меѓународни празници. Во 1925 година, во Женева, Швајцарија, се одржува првата „Светска конференција за благосостојбата на децата“, на која присуствуваат претставници на 54 земји кои ја прифаќаат и потпишуваат Женевската декларација, како и официјално го дефинираат датумот 1-ви јуни за Меѓународен ден на детето.rnrnОваа година, македонскиот бренд Натура го одбележува Меѓународниот ден на детето со апел за придобивките од конзумирање здрави прехранбени продукти во детскиот развој.rnrnЗа правилен раст и развој на децата неопходна е здрава и балансирана исхрана. Исхраната на децата треба да вклучува житарици, мешунки и свежо овошје и зеленчук во изобилие.rnrn
rnrnМногу е важно да се подигне свеста кај децата и родителите за здравиот начин на исхрана, бидејќи тоа е предуслов за здрав развој на детето. Со внимателно одбрана храна, можеме да го подобриме коефициентот на интелегенција, како и расположението на нашите деца. Здравиот начин на исхрана ги прави дечињата емотивно стабилни и ја подобрува нивната меморија. Доколку детето внесува во себе прави нутритиенти, ќе биде способно побрзо да мисли, ќе има подобра координација и концентрација.rnrnПроизводите како корнфлекс, житни снегулки, експандирани житарки, семки и сушено овошје се вистинскиот избор, затоа што децата ги сакаат, а конзумирајќи ги истовремено се хранат здраво. Сушеното овошје е одличен извор на железо, кое дава физичка и ментална енергија и кое се користи против анемија. Ваквиот извор на енергија брзо патува во крвотокот и особено се препорачува на деца кои спортуваат, после напорниот тренинг.rnrnДецата не одбиваат шејк од овесни снегулки и банана за појадок или ужина, а јачменови снегулки подготвени со компот од јаболко, цимет и оревчиња им дава доволно енергија за нивната детска игра. Направете здрави палачинки со домашен прелив од боровница, а белото брашно заменете го со р’жани снегулки. Овесот содржи: јод, хлор, фосфор, магнезиум, калиум, манган, цинк, бакар, ниацин, биотин, бројни витамини, затоа треба да се користи во секојдневната исхрана, бидејќи го чува здравјето на организмот и ги зајакнува неговите природни одбрамбени механизми.rnrnПроизводите на Натура се 100% природни, изобилуваат со растителни влакна, не содржат вештачки бои и засладувачи.
Со здрава храна до весели детски дни
