КАФЕ ПАУЗА

Кој е најпопуларниот предмет на Универзитетот Јејл?

Кој е најпопуларниот предмет на универзитетот Јејл?

На 12-ти јануари, само неколку дена од воведувањето на предметот Психологијата и добриот живот на Универзитетот Јејл, се пријавиле околу 300 студенти. За 3 дена овој број се зголемил. Кога поминале уште 3 дена, предметот го слушале околу 1.200 студенти, односно една четвртина од додипломците. Предметот го држи Лори Сантос, професор по психологија и нејзината цел е да ги научи студентите како да водат посреќен живот.rnКој е најпопуларниот предмет на универзитетот Јејл?rn

„Студентите сакаат да се променат, да бидат посреќни и да ја променат културата на кампусот. Една четвртина од студентите го следат предметот, па ако видиме добри навики како покажување благодарност, намалување на одложувањето и зголемување на социјалните врски, всушност правиме промена во културата на училиштето.“

rnДоктор Сантос изјавува дека студентите се заинтересирани за предметот бидејќи во средното училиште среќата ја ставале на второ место, притоа прифаќајќи лоши животни навики кои се причина за „кризата на менталното здравје“. Еден извештај од 2013-та година открил дека повеќе од половина студенти на Јејл барале помош за менталното здравје додека студирале.rn

„Во реалноста, многу од нас се анксиозни, под стрес и несреќни“, изјавила Алана Мејнез, 19, бруцош кој го слуша предметот.rnrn„Интересот за овој предмет покажува колку се изморени студентите од потиснување на нивните емоции – и позитивни и негативни, со цел да се фокусираат на работата, следниот чекор и следниот успех.“

rnСпоред Ву-Кјанг Ан, директор на катедрата по психологија, студентите долго време предлагале од Јејл да воведат предмет за позитивна психологија. Таа исто така била изненадена од предлогот на доктор Сантос за предметот.rnrnДоктор Ан и нејзините колеги очекувале заинтересираност за предметот, но не толку голема. Овој предмет е најпознат во 316-годишната историја на универзитетот. Големиот број студенти носел и свои предизвици, од наоѓање простории до најмување 24 асистенти. Бидејќи одделот за психологија има недостаток и од двете, многу од асистентите се од Училиштето за јавно здравје и од Правното училиште на Јејл. А поради заинтересираноста за овој предмет, се намалил бројот на студенти на другите предавања, особено на оние кои не се согласуваат со доктор Сантос.rnrnНа почетокот на семестарот студентите биле поделени помеѓу предавална со 844 места каде што предавањето се слушало во живо, како и 2 помали предавални со по стотина места, каде што студентите гледале пренос во живот. По неколку недели, предавањата се префрлиле во концертната сала каде што имало место за сите.rnrnПредметот се фокусира на позитивна психологија – карактеристиките кои им овозможуваат на луѓето да созреваат, и промена во однесувањето – како да се применат лекциите во животот. Студентите прават тестови, имаат испит, а на крај прават и проект за самоподобрување.rnrnНекои студенти признаваат дека го гледаат предметот како можност да слушаат опуштени предавања кои не бараат многу.rn

„Немаше да знам за предметот ако не слушнав од другите. Но не создава притисок и можеби ќе научам неколку трикови за да го намалам стресот во мојот живот“, изјавил Рајли Ричмонд, 22.

rnШарлот Емерсон, 18, изјавила дека е загрижена за тоа што некои ќе го злоупотребат големиот број студенти. На пример, доктор Сантос не надгледува дали студентите ги извршуваат неделните задачи.rnrnНо додека некои гледаат лесни кредити, доктор Сантос го нарекува својот предмет „најтешкиот на Јејл“. Таа смета за да се забележат вистински промени, студентите треба секој ден да бидат одговорни. Таа исто така смета дека нештата кои додипломците ги поврзуваат со задоволство – високи оценки, пракса и добро платена работа, воопшто не ја зголемуваат среќата.rn

„Пред 10 години се гледало сосема поинаку на ова, но денешните научници разбираат дека нашата интуиција за она што мислиме дека би нè усреќило, како добивање лото или добивање висока оценка, е сосема погрешна.“

rnУниверзитетските предмети за позитивна психологија држат неколку рекорди. На Харвард околу 900 студенти се пријавиле за предмет наречен Позитивна психологија во 2006-та година. Разликата од овој и предметот на доктор Сантос е тоа што нејзиниот се фокусира и на промена на однесувањето.rnrnСепак, доктор Сантос не планира повторно да го држи предметот. Доктор Ан од одделот за психологија изјавила:rn

„Големите предавања се одлични, но нема да биде фер кон другите предмети и оддели да им ги земаат сите студенти.“

rnДоктор Сантос изјавила дека направила серијал од материјалот за предметот наречен Науката на благосостојбата, кој ќе биде бесплатно достапен на Coursera.rn

„Го имаме овој момент во кој можеме да направиме разлика во културата на Јејл, каде студентите се чувствуваат како дел од движење и се борат за добро.“

rnrnШто мислите вие, дали и на нашите факултети е потребен некој ваков предмет?