КАФЕ ПАУЗА

5 совети за зафатените луѓе

Written by

in

,

Имате ли забележано колку се зафатени сите? Ние ја сакаме зафатеноста бидејќи нашето општество смета дека тоа е најдобрата форма на продуктивноста. Како резултат на тоа ни аплаудираат. Колку позафатени, толку подобро. Но со што сме толку зафатени?rnrnrnrnНашите бизниси и работни места се еден вид мрзеливост која нè спречува да се фокусираме на работите кои најмногу ги цениме. Работи како здравјето, семејството, пријателите и страстите. Дали навистина треба да бидеме толку зафатени? Колку од нас го правиме она што го правиме бидејќи и другите го прават тоа? Дали би ви дошло добро малку време за одмор? Ако одговорот е да, погледнете ги овие 5 идеи за како да го намалите темпото на вашиот распоред.rn

1. Работете помалку

rnДали навистина треба да работите толку многу, или треба да престанете да трошите толку многу пари на работи кои баш и не ви требаат? Кога ќе исфрлите некои од овие „удобности“ (најновите телефони, компјутери, автомобили) и ќе направите место за потребните работи, ќе ви останат многу пари. Па, нема потреба да работите толку многу.rn

2. Бидете јасни

rnЗа што сте толку зафатени? Кога не ви јасно што сакате да постигнете, ве „удираат“ итните работи и постојано пробувате да постигнете сè. Има голема моќ во јасноста.rn

3. Велете „Не“

rnСигурно имате најдобра намера кога преземате повеќе од што можете да поднесете. Кога ви е јасно што е најважно во вашиот живот, викањето „Не“ на вишокот работи ќе ви стане многу полесно.rn

4. Една работа во исто време

rnМултитаскингот не е ефективен начин да сработите повеќе. Всушност, тоа е совршениот начин да направите повеќе со помалку ефикасност. Запрашајте се кои ви се трите најважни задачи за денес, и работете ги една по една.rn

5. Во ред е да не завршите сè

rnВашата работа никогаш нема да биде целосно завршена. Што побрзо сфатите дека секогаш ќе има уште нешто за работење, толку полесно ќе ви биде да се помирите со фактот дека нешто останало недовршено. Нема повеќе да се чувствувате дека мора постојано да постигнувате сè.rnrnПогледнете ги и овие совети за одржување баланс кога сте премногу зафатени.