КАФЕ ПАУЗА

Мудроста на Фил Босманс: Кризата може да биде благослов

Мудроста на Фил Босманс: Кризата може да биде благослов

Written by

in

,

Фил Босманс бил белгиски свештеник и писател чии книги биле преведени на повеќе од 20 светски јазици. Неговата прва книга „Што му недостасува на човекот?“ доживеала голем успех и ја пренела мудроста на Босманс, чија цел била да ја шири „културата на срцето“ и да им помага на луѓето. Во продолжение, прочитајте ги неговите мудри зборови за значењето на животните кризи…rnrnМудроста на Фил Босманс: Кризата може да биде благословrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrnПријатели, кризите се еден вид породилни болки.rnrnКризите се знак на тревога.rnrnГлавоболките предизвикани од непроспиените ноќи се сигнал дека треба да размислите за вашиот начин на живот.rnrnБолките во стомакот се предупредување дека треба поинаку да се храните.rnrnКризите во богатите земји се како болки во желудникот, последица од материјалната презаситеност.rnrnЈа разоткриваат нашата вистинска криза: Празнина на духот и осиромашување на срцето.rnrnМожеме да си купуваме помалку работи, можеме да се дозволиме помалку раскош. Дали е тоа катастрофа или благослов?rnrnКако завршуваат кризите? Постојат 2 можности.rnrnИли доаѓа до катастрофа поради поединците или владетелите кои ги бранат своите интереси со сите можни средства.rnrnИли доаѓа до промена на животниот став: Законот на посилниот не го одредува законот на трговијата.rnrnКонечно се земаат предвид слабите и беспомошни луѓе.rnrnДали ќе научиме од кризите дека со помалку можеме да стигнеме многу подалеку?rnrnКризите може да бидат благослов,rnrnТие ни овозможуваат да размислиме за вистинските животни вредности.rnrnШто ни е навистина важно?rnrn[/message_box]rnrnВо продолжение, прочитајте ги и мудрите зборови на Ал Пачино.