Како да го намалите нивото на кортизол за само 20 минути?

Сподели

Урбаниот живот вклучува многу стресни ситуации секој ден. Зафатеното секојдневие и многуте обврски прават повеќето луѓе да се чувствуваат истоштено одвреме-навреме, под притисок и под голем стрес.

Истражувањето на д-р Мери Керол Хантер од Универзитетот во Мичиген докажа дека времето поминато во природа значително ги намалува негативните последици од урбаниот живот.rn

„Одамна е познато дека престојот во природа го намалува нивото на стрес, но не знаевме до кој степен. Нашата студија покажа дека е потребно да поминувате 20-30 минути секој ден во природа“, посочува авторот на ова истражување.

Реклама

rnМоже да шетате во блискиот парк или во шумата, да возите велосипед, да седите на тревата или да медитирате. Важно е да бидете опкружени со зеленило и природа, далеку од градскиот шум.

Во ова истражување учествувале 44 лица и траело 8 недели. Сите учесници престојувале во природа трипати неделно, најмалку по 10 минути. Им било препорачано да избегнуваат разговори, да не користат социјални мрежи, Интернет и телефон. Тоа било единственото ограничување, а учесниците имале слобода да избираат активности во природа и да истражуваат.

Реклама

Сите учесници дале примероци на плунка пред почетокот на истражувањето, а потоа повторно по првата, третата и последната недела. Резултатите покажале дека нивото на кортизол (хормон на стресот) се намалило за 21% кај луѓето кои поминувале 20-30 минути во природа секој ден или секој втор ден.

Врз основа на ова истражување, се заклучува дека е потребно да се издвојат само 20 минути на ден за да се одржува рамнотежа на нивото на кортизол и да се намали стресот. Ако често останувате во природа, ќе бидете психички и физички поздрави.

Исто така, многубројни истражувања покажуваат дека физичката активност на отворено и медитацијата во природа можат да бидат многу важни за регулирање на менталното здравје.

Прочитајте како да го активирате хормонот на среќата за само неколку минути.

Најново

Може ќе ве интересира