КАФЕ ПАУЗА

Вистината зад најраспространетата заблуда за појадокот што многумина ќе ги развесели

Вистината зад најраспространетата заблуда за појадокот што многумина ќе развесели

Појадокот е најважниот оброк во денот, нешто што не смее да биде прескокнувано кај децата и младите бидејќи нивниот организам е во развој и потребна им е храна, како и енергија во утринските часови. Но, кога станува збор за возрасните, правилата се малку поинакви.rnrnВистината зад најраспространетата заблуда за појадокот што многумина ќе развеселиrnrnОд мали нè учеле дека не смееме да го прескокнуваме оброкот, но тоа е вистина само за децата, младите, дијабетичарите и други личности што имаат посебни прехранбени навики. Кога станува збор за здрави возрасни индивидуи, чија цел е да ослабат, правилото не важи и појадокот станува опционен, можеби дури и тотално непотребен.rnrnАко имате вишок килограми, немате никакви болести и наутро не сте гладни, не треба да појадувате само затоа што мислите дека морате. Доволно е да каснете една овошка или да сипете чаша свежо исцеден сок и да го започнете денот како и секој претходно.rnrnНајважното правило за оние што сакаат да ослабат е дека треба да јадат само во оние периоди од денот кога чувствуваат глад. Секако, тоа треба да се ограничи на најмногу 2 часа пред спиење, за да ѝ овозможите доволно време на храната да се распореди низ вашиот организам.rnrnПа, доколку се обидувате да изгубите вишок килограми, појадокот не треба да ви биде најважното нешто на листата со приоритети. Сепак, ако сè уште не сте убедени дека тој не е најважниот оброк во денот, погрижете се вашиот избор да биде здрав и погледнете ги овие оригинални предлози за здрав појадок.