Британската компанија за скулпторски мебел „Splinter Works“ го креирала веројатно најсовршениот дизајн за релаксирање во интимните мигови кои сакате да ги поминете со себе.
Модерниот дизајн потсетува на лулка, а е конструиран од карбонски влака кои ја овозможуваат цврстината и овозможуваат обликување комплексни облини. Лебдејќи над подот, кадата т.н. „Vessel“ е прикачена за ѕидот со два држачи од нерѓосувачки челик, а елегантната подна чешма е поставена на соодветно место, за да не ви пречи во текот на капењето.
За одводот постои вграден одводен ситем на надворешното дно од кадата.
Со должина од околу 2,7 метри, оваа скулпторска када е достапна во различни бои како црвена, сина, жолта, розова, бронзена и сребрена, а може да се порачаат и различни големини кои ќе соодветствуваат на личните преференции на купувачот.
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
