Нормално е по долго носење, внатрешноста на патиките да добие непријатен мирис. Тоа особено често се случува ако сте активни или ако поголемиот дел од времето го поминувате во патиките каде вашите нозе се потат. Па, доколку сакате лесно да се справите со овој проблем, погледнете го овој едноставен трик…rnrn
rnrnНе е тајна дека нозете силно се потат во патики. Токму затоа и различни видови бактерии се насобираат во нивната внатрешност кои на крај предизвикуваат непријатна миризба. Најлесниот начин да се справите брзо и ефикасно со овие бактерии е со помош на песокот за мачки.rnrnВо две чорапи ставете по една рака од овој песок и врзете ги за да не се истури во вашите патики. Потоа поставете по една чорапа во секоја патика и оставете ги да стојат во нив цела ноќ. Песокот од мачките е одличен бидејќи ја впива влагата и миризбата, многу е поевтин од другите пудри и средства за отстранување миризба и можете да го пронајдете во сите видови продавници за животни.rnrnАко сте вешти со игла и конец, со помош на мало парче материјал, направете мало џепче коe ќе го зашиете внатре во патиките, на место каде нема да ви пречи и ставете во него песок за мачки. На овој начин вашите патики нема воопшто да добиваат непријатна миризба додека ги носите.
Најдобриот трик за отстранување на непријатната миризба од вашите патики
