10 факти што треба да ги знаете за времето за да можете да го контролирате
Со векови, манипулацијата на времето е една од најпосакуваните особини. Сигурно сте имале денови кога ви изгледало како времето да застанало или пак како да минува премногу брзо. Додека научниците се обидуваат да измислат временска машина, психолозите смислиле неколку начини кои ќе ви помогнат да се справите со брзината на времето.
1. Времето тече побавно кога ви е здодевно
Истиот временски период може да ви помине многу брзо ако гледате интересен филм или може да ви трае засекогаш ако читате здодевна книга. Причината е што кога ви е здодевно, вие сте фокусирани на себе. Или со други зборови, премногу размислувате. Поради ова преработувате повеќе информации, а тоа ја забавува вашата перцепција за време. Во спротивно, кога сте целосно концентрирани на нешто друго, а не на вас, времето изгледа како да минува премногу брзо.
2. Времето забавува кога се соочувате со несигурност
Сигурно ви е познато чувството кога не сте ни приближно подготвени, а треба да излезете за 10-тина минути. Тие се едни од најкратките 10 минути. Но ако треба да чекате 10-тина минути за резултат од тест за бременост, тие 10 минути ќе ви се чинат премногу долги. И тоа без разлика на какви резултати се надевате. Кога не знаеме што нè очекува, размислуваме премногу. Па изненадувањата го тераат нашиот мозок да обрне внимание на секој мал детаљ. Тој период изгледа сè подолг и подолг во вашиот ум.
3. Времето застанува ако премногу го следите часовникот
Тие 5 минути што ги поспивате наутро се можеби најубавите, иако во вашиот ум за секунда поминуваат. Но истите 5 минути ќе изгледаат како вечност за студент кој постојано погледнува кон часовникот и чека да заѕвони алармот. Причината за оваа илузија на застанат часовник е тоа што брзото движење на вашите очи од една точка кон часовникот трае многу кратко и ништо не се случува. Но вашата свест се „прекинува“ и мозокот се обидува да го попрви тоа кажувајќи ви дека сте гледале во часовникот.
4. Времето се движи побавно кога сте свесни за себе
Јавниот перформанс од 20 минути ќе биде незаборавен колку и 1 час пешачење до дома. Причината за тоа е што кога повторувате некоја рутина, вие се фокусирате на вашите мисли и не обрнувате внимание на реалноста. Но, кога сте на сцена станувате премногу свесни за себе и се чувствувате навистина живо во сегашниот момент. Свесноста за себе значи постојано да бидете фокусирани на сегашноста. Колку повеќе се фокусирате на сè што се случува, толку повеќе сеќавања создавате, а времето ви изгледа побавно.
5. Времето се движи побавно кога сте во опасност или кога сте исплашени
2 часа на авион и 2 часа во автомобил се многу различни искуства за некој кој се плаши од летање. Кога сте исплашени или во опасност, мозокот собира голем број информации одеднаш. Тој забележува сè што може да ви помогне за да преживеете. Овие информации не исчезнуваат откако ќе се смирите. Остануваат со вас и ве тераат да верувате дека стресниот период бил многу подолг отколку што траел.
Продолжува на следната страница…