Откријте ги вашите потсвесни желби и стравови со помош на овој забавен психолошки тест

Сподели

Овој психолошки тест е многу популарен во светот на психолозите. Тој им помага да ги разберат потсвесните желби и стравови на нивните пациенти. Станува збор за едноставен тест за чие решавање ќе ви треба само вашата фантазија. Ќе ви бидат дадени одредени сценарија, а вие ќе треба да си ги замислите што е можно подетално. Затворете ги очите доколку чувствувате потреба. Потоа, веднаш нацртајте го првото нешто што сте си го замислиле, без многу размислување. Подготвени сте да ги дознаете тајните на вашата потсвест? Во тој случај, почнете со фантазирање и цртање…

Реклама

rn

Шума

rnЗамислете си дека се наоѓате во шума. Опкружени сте со дрвја и одите по долг, крив пат.

1. Набљудувајте ги дрвјата и дознајте дали се правилно подредени или пак растат на див и хаотичен начин?

2. Кое време од денот е? Дали е темно или светло?

3. Каков е патот? Дали е широк или тесен? Дали е стар и изгазен или пак речиси воопшто не можете да го видите?rn

Клуч

rnДодека одите по патот, наоѓате клуч во шумата.

4. Дали е стар, ’рѓосан клуч или нов и сјаен? Колку е голем? Што мислите дека отклучува?

5. Земете го со себе или оставете го таму каде што сте го нашле.

rn

Мечка

rnПродолжувате понатаму, кога одеднаш се појавува мечка. Внимателно замислете си ја оваа слика.

6. Дали мечката изгледа дружељубиво или опасно? Дали се плашите од неа?

7. Колку е голема мечката?rn

Урна

rnМечката исчезнува помеѓу дрвјата и вие продолжувате понатаму. Потоа, забележувате урна среде патот.

8. Опишете ја урната како што ја замислувате. Од каков материјал е направена?

9. Погледнете ја внимателно. Проверете дали има нешто во неа. Ако има, што е тоа?

rn

Колиба

rnПоминете го ковчегот и продолжете да одите, патот ќе заврши кај една колиба.

10. Опишете ја колибата како што ја замислувате.

Можете да чуете како луд човек вреска однатре за да го пуштите. Звучи опасно, но тој ве преколнува да го ослободите.

11. Дали ќе го пуштите надвор?rn

Лимбо

rnОдеднаш исчезнува сѐ што имало околу вас и гледате само белина. Не сте ни ваму ни таму и без разлика каде ќе тргнете, заглавени сте во лимбото. Викате за помош, но нема одговор. Ништо не се менува колку и да се трудите.

12. Дали ќе се обидувате да го истражите местото и да најдете излез иако просторот околу вас не се менува? Или ќе се откажете од надежта и ќе се помирите со фактот дека ќе останете таму? Колку време ќе ви треба за да се откажете?

Овде завршува тестот. Подготвени сте да дознаете нешто повеќе за себе? Прочитајте ги анализите на вашите одговори на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира