КАФЕ ПАУЗА

6-те видови рак кои сè почесто се појавуваат кај луѓе на возраст од 25 до 45 години

6-те видови рак кои сè почесто се појавуваат кај луѓе на возраст од 25 до 45 години

Едно истражување спроведено од Американското здружение за рак, анализирало податоци од изминатите 40 години за дијагноза на рак кај Американци на возраст од 25 до 84 години. Тие забележале повисока стапка на болеста кај луѓето помеѓу 25 и 49 години, особено на видовите рак поврзани со дебелината.rnrn6-те видови рак кои сè почесто се појавуваат кај луѓе на возраст од 25 до 45 годиниrnrnБиле испитани 12 видови рак поврзани со дебелина, а следниве 6 најчесто се појавувале кај луѓе во 60-тите и 70-тите години од животот:rn

    rn 011

  • Рак на дебелото црево
  • rn 011

  • Ендометријален рак
  • rn 011

  • Рак на жолчката
  • rn 011

  • Рак на бубрезите
  • rn 011

  • Рак на панкреасот
  • rn 011

  • Мултипен миелом (рак на крвта или на клеточната плазма)
  • rn

rnКај луѓето на возраст од 25 до 29 години забележан е најголем пораст на ракот на бубрезите. Кај населението на возраст од 30 до 34 години забележан е пораст на мултипен миелом.rnrnКај помладото население забележан е и пораст на два вида рак кои не се поврзани со дебелината:rn

    rn 011

  • Гастроинтестинални тумори
  • rn 011

  • Леукемија
  • rn

rn

Што го предизвикува овој пораст?

rnБидејќи истражувањето не било фокусирано на причините за зголемување на бројот на заболените од рак, се претпоставува дека главен виновник е зголемениот број на дебели луѓе.rnrnСо истражување од 2018-та година се потврдило дека прекумерната телесна тежина била виновна за дури 60% од сите случаи со ендометријален рак, 36% од случаите со рак на жолчката, 33% од рак на бубрегот, 17% од рак на панкреасот и 11% од рак на клеточната плазма.rnrnКога станува збор за ракот на дигестивниот тракт и леукемијата, научниците сметаат дека причината е поголемиот број автоимуни болести, претераната употреба на антибиотици и изложеноста на канцерогени материи во опкружувањето.rn

Постои ли простор за грижа?

rnКако и кај повеќето болести, превентивното делување може да биде од голема помош. Според истражувањето, би требало да обрнете внимание на вашето здравје и телесната тежина. Значи, здравата исхрана и редовното вежбање се главни фактори за спречување на ракот, без разлика на годините.rnrnАвторите на истражувањето ги охрабруваат лекарите да ја следат тежината на нивните пациенти и да ги советуваат за здравствените ризици од дебелината.rnrnПрочитајте ги и овие факти за ракот.