Кога стресот ќе ги замеша рацете во вашиот живот, постојат само две опции од кои може да изберете: да му дозволите да ве уништи или, пак, да најдете начин да се справите со него уште пред да се појави. Уште тука е јасна разликата меѓу психички силните и слаби личности. Во која група припаѓате вие? Бидејќи силните луѓе всушност…rn
1. Прифаќаат дека стресот е дел од животот
rnНевозможно е никогаш да не се најдете во стресна ситуација, а колку повеќе се нервирате во тие моменти или се убедувате себеси дека вие не го заслужувате тоа, толку полошо си правите себеси. Како што има моменти кога ќе бидете под огромен стрес, така ќе има и моменти кога ќе бидете опуштени знаејќи дека работите ви се под контрола. Прифаќањето дека стресот е неизбежен дел од секојдневието само ќе ви помогне полесно да поминете низ стресните периоди и побрзо да најдете начин да продолжите понатаму.rnrn
rn
2. Не ги преувеличуваат проблемите
rnВо животот постојат проблеми за кои нема смисла да се нервирате. Зошто? Бидејќи некогаш едноставно не постои нешто што би можеле да го направите за проблемот да исчезне. Некогаш, проблемот и не е толку голем како што изгледа. Ако сте психички силна личност вие сте свесни за тоа. Не дозволувате работите кои не се во ваши раце или се целосно безначајни да влијаат на вашето расположение, а дури и кога се соочувате со навистина голем проблем, вие се обидувате тој да опстане барем во својата реална големина сѐ додека не успеете да најдете решение за него.rn
3. Се грижат за своето физичко здравје
rnЗдравото тело е подготвено да се избори со секој проблем и секоја стресна ситуација. А ако се прашувате каква врска има тоа, тогаш одговорот е многу едноставен – здравото тело има сила која му е потребна на мозокот кога се соочува во стресни ситуации. Психички силните луѓе се свесни дека слабото и изнемоштено тело нема да има ни волја ни моќ за да ги поднесе проблемите, па затоа тие се грижат за себе, се хранат здраво, вежбаат и никогаш не кратат од потребниот сон.rnrn
rn
4. Одбираат здрав начин за ослободување од стресот
rnСтресот, нервозата и гневот кои се собираат во луѓето се неверојатно опасни состојки во сечиј живот. Наоѓањето вистински начин да се справите со овие чувства и состојби е од витално значење. Секој функционира различно и на свој начин, но она кое е заедничко за силните луѓе е фактот дека секогаш одбираат здрав пристап за соочување со проблемите. Првиот чекор е секогаш прифаќање на проблемите, а потоа соочување со нив при што паралелно ја празнат негативната енергија со зборување за нив или практикување на некое здраво хоби.rn
5. Го балансираат социјализирањето со самотијата
rnОдвојувањето време да бидете сами е подеднакво важно како и времето поминато со пријателите. Секогаш и секому му е потребен период во кој ќе може да си ги организира мислите, да прочита некоја книга, да направи нешто само за себе. А кога тој некој си дал себеси време да ги согледа и организира работите во својата глава, особено кога станува збор за проблемите, тогаш тој некој ќе успее со помалку стрес и да ги реши. Истовремено, дружењата се од голема помош бидејќи придонесуваат кон опуштање и забава, како и свеж поглед кон работите. Од оваа гледна точка, рамнотежата помеѓу овие две точки е многу важна.rnrn
rn
6. Не бегаат од изборот кој го направиле
rnЖивотот постојано нè носи на крстопати на кои сме приморани да избереме по кој пат ќе продолжиме да одиме. Она што многу луѓе го прават е каење доколку излезе дека тој пат не бил вистинскиот. Но она кое тие го забораваат е дека во тој момент, постоела одредена причина зошто сепак се одлучиле да го направат изборот кој го направиле и веројатно повторно би го избрале истото кога повторно би се нашле во таа ситуација без да ги знаат последиците. Психички силните луѓе не бегаат од изборот кој го направиле, тие го признаваат и на тој начин си го намалуваат себеси стресот кој потекнува од непотребното оптеретување со прашања од типот на Што ако… ?rn
7. Секогаш ја бараат позитивната страна дури и кога се чини како да не постои
rnДури и во најлошите моменти и ситуации постои нешто што може да ви даде надеж и волја да продолжите да се борите. Способноста да ја најдете таа светла точка лежи во вашата желба да го направите тоа. Лесно е да се откажете, уште полесно да дозволите да потонете во светот на нема решение за проблемот, а најлесно е воопшто да не се ни обидете. Но тоа само кажува дека сте слаби и без волја. Од друга страна, ако сте психички силни, вие ќе го гледате светот каков што реално е, но никогаш не заборавајќи дека во сѐ постои малку надеж, дека секоја стресна ситуација може да роди нешто убаво и позитивно. А на тој начин, вие станувате само посилни и поодлучни.