Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Повеќето луѓе не сметаат дека летањето е опасно. Но дури и ако сметате дека ги знаете најневеројатните факти за авионите, сигурно не сте запознаени со некои од поретки. Имајќи го тоа на ум, постојат многу работи кои не би требало да ги правите во авион. Еве дел од најопасните!

1. Јадење храна која стоела на масичката

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Не е потребно многу предзнаење за да сфатите дека масите во авионите се можеби највалканото нешто што постои. Луѓето ги користат буквално за сè. Покрај тоа, ретко кој има време да ги исчисти овие површини. Можете вие самите да го направите тоа, но сепак најдобро е да не консумираат храна која стоела на овие масички. Можете да се изложите на секаков вид бактерии, а тоа не е најдобриот начин да го започнете вашиот одмор.

2. Седење мирно во текот на целиот лет

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Навистина е примамливо да седите од полетувањето до слетувањето. Но, ова не е најдобриот начин да го поминете летот. Нискиот воздушен притисок во кабината ја намалува вашата циркулација и го зголемува ризикот од згрутчување на крвта. Овие „грутки“ може да стигнат до вашите бели дробови, срце, или мозок и да предизвикаат опасни здравствени проблеми. Најлесниот начин да го избегнете ова е да се движите секогаш кога ќе можете. Ако мора да останете на вашето седиште, менувајте ја положбата што е можно почесто и барем малку размрдајте ги нозете.

3. Одбирање седиште до прозорец за долги летови

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Верувале или не, опасно е да седите до прозорецот ако летот трае повеќе од 6 часа. Уживањето во погледот може да ви го зголеми ризикот од тромбоза, а причината за ова е што луѓето кои седат до прозорецот поретко стануваат во текот на летот. За среќа згрутчувањето на крвта не е толку честа појава, но како што спомнавме погоре, добро е да се раздвижувате барем по еднаш на секој час.

4. Заборавање на опцијата за летање на телефонот

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

На почетокот на секој лет, екипажот ќе ве потсети да ја вклучите опцијата за летање на вашите електронски уреди. Причината е тоа што сигналот на телефонот може да попречи во опремата која ја користи пилотот. Повеќето луѓе сметаат дека телефонот нема да предизвика проблем, па „забораваат“ да ја вклучат оваа опција. Но пилотите имаат изјавено дека сигналите од мобилните телефони навистина предизвикуваат електронски аномалии во текот на летот. Можеби нема да се сруши авионот, но работата на пилотот сигурно ќе биде отежната.

5. Не пиете доволно вода

Најопасните работи кои можете да ги направите во авион

Повеќето луѓе избегнуваат да пијат вода во текот на летот бидејќи не сакаат да се соочат со тоалетите во авионот. Но, ова не е најдобра идеја. Дехидратацијата е неизбежен несакан ефект од сувиот воздух во кабината. Обидете се да пиете половина литар вода на секои 3 часа поминати во воздух. Избегнувајте алкохол, кафе и чај кои можат да ја влошат дехидратацијата.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар