КАФЕ ПАУЗА

10 зеленчуци кои можете да ги одгледувате дома

Здравјето е важно, а здравата исхрана е најдобриот начин да ги спречите болестите. Вашите оброци треба да содржат органски овошја и зеленчуци, а лошата страна на ова е тоа што тие многу брзо се расипуваат. Но, можете дел од зеленчуците да ги одгледувате и дома. Погледнете ги следниве 10 зеленчуци кои е навистина лесно да ги засадите и да ги одгледувате.rnrn10-zelenchuvi-koi-mozhete-da-gi-odgleduvate-doma-kafepauza.mkrn

1. Аспарагус

rnОва е пролетен зеленчук. Ако правилно го одгледувате, тој ќе трае 25 години. Садењето од семе ќе трае подолго, па затоа можете да го засадите од самото растение. Само немојте премногу да го наводнувате.rn

2. Лук

rnДали знаете дека едно чешне лук може да ви даде 10? Ставете го никулецот во чаша вода и чувајте го до прозорот. Откако ќе порасне малку, засадете го. Користете голем цреп и квалитетна почва. Ќе ги забележите првите листови за само неколку дена.rn

3. Моркови

rnСтавете го врвот на морковот во вода и чувајте го до прозорецот. По некое време засадете го во земја. На морковите им е потребно многу светлина.rn

4. Кинеска зелка

rnСтавете го долниот дел во вода и чувајте го на светло место. Почекајте неколку недели, па засадете го во земја.rn

5. Марула

rnСтавете го долниот дел во чаша вода полна до половина. Штом ќе забележите нови никулци, засадете го во земја. На ист начин можете да ја засадите и зелката.rn

6. Млад кромид

rnСтавете ги корењата на кромидот во вода и чувајте ги на светло место.rn

7. Целер

rnИсечете го долниот дел на целерот и ставете го во плиток сад со вода. За околу 3 дена ќе забележите нови листови и тогаш можете да го засадите во земја.rn

8. Коријандер

rnСтавете ги дршките во вода и новите ливчиња ќе се појават многу брзо. Потоа засадете ги во земја. Новото растение ќе порасне за неколку месеци.rn

9. Босилек

rnПотопете дршки од босилек во вода. Чувајте ги на светло место и кога ќе се појават нови корења засадете во земја. Редовно полевајте со вода.rn

10. Артичока

rnАртичоките се берат единствено кога ќе се развие виолетовиот цвет. Потребна ви е мека земја и доволно светлина. Користете и ѓубриво и берете ги во пролет и есен.rnrnПогледнете го и ова видео кое ќе ви помогне во одгледувањето на зеленчукот.