КАФЕ ПАУЗА

Интервју што ќе ви ги отвори очите: Џим Кери ја открива вистината за неговата битка со депресијата

Интервју што ќе ви ги отвори очите: Џим Кери ја открива вистината за неговата битка со депресијата

Актерот Џим Кери е познат по неговите комични ликови кои секогаш успевале да извлечат насмевка од нашето лице, но и по многубројните сериозни улоги во филмови како што се „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“ (The Eternal Sunshine of a Spotless Mind) и „Бројот 23“ (The Number 23). Сепак, малкумина знаат дека овој извонреден глумец долго време страдал од депресија. Тој отворено зборува за неговата битка во најновото интервју.rnrnИнтервју што ќе ви ги отвори очите: Џим Кери ја открива вистината за неговата битка со депресијатаrn

„Не сум депресивен во овој момент. Не сум во состојба на депресија. Страдав од неа со години, но сега, кога ќе падне дожд, тој само паѓа, не се задржува. Повеќе не се задржува доволно долго за да ме потопи и удави“, изјавил Џим Кери.

rnКери го споделил неверојатното откровение до кое дошол после години слава. Сосема е бесмислено да ги минуваме нашите животи создавајќи и негувајќи одредени лични идентитети.rnrnСето тоа е последица на егото, желбата да се биде важен, да се биде некој и нешто. Во реалноста, ова посегнување по еден единствен идентитет ни носи само болка и страдање од 3 главни причини. Прво, тоа ја претставува разделбата помеѓу нас и сите останати битија што не ја почитуваат нашата својствена и меѓусебно поврзана природа. Второ, нѐ фрла во заблуда да мислиме дека работите не треба да се променат, дека ние не треба да се промениме. Трето, нѐ води далеку од нашата основна добрина, бидејќи нѐ тера да мислиме дека не сме доволно добри такви какви што сме, сега во моментов.rnrnПротивотровот за ова страдање лежи во ослободувањето од желбата да се биде „некој“.rn

„Чувството на целосност е многу поинакво од чувството на исполнетост со себе.“

rnЏим Кери многу убаво објаснил дека за да бидеме целосни, мора да престанеме да ја одржуваме сликата за „себе“.rn

„Луѓето постојано зборуваат за депресија. Разликата помеѓу депресија и тага е во тоа што тагата произлегува од нешто што ви се случило или не ви се случило, или жалењето по што и да е. Депресија е кога вашето тело ви вели ’Оди по ѓаволите, не сакам да го играм веќе овој лик, не сакам да го одржувам овој аватар што си го создал/а во светот. Премногу е тоа за мене“, објаснил Џим Кери.

rnЏим Кери смета дека во таквите случаи, на телото му треба да биде депресивно. Му треба да се одмори од ликот што сте се обидувале да го играте.rn

„Во мојот живот нема апослутно никаква депресија. Има тага, радост, занес, задоволство, благодарност и верба. Нo, сето ова е само време кое се врти околу планетата. Не се задржува во мене доволно долго за да ме убие. Тоа се самo идеи“, заклучил Џим Кери.

rnПогледнете го целото интервју со Џим Кери што дефинитивно ќе ви ги отвори очите и ќе ви помогне да ја разберете депресијата…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=wTblbYqQQagrnrnПрочитајте ги и овие неколку реченици кои совршено го отсликуваат чувството на депресија.