Како е да се биде депресивен? Проблемот е што никој не знае да опише со сигурност. Повеќето луѓе без разлика колку негативно или тажно се чувствуваат, мислат дека тоа е нормално доколку така се чувствуваат секој ден. Депресијата може да се појави во многу форми и поради тоа понекогаш тешко е да се препознае. Честопати луѓето немаат надворешни симптоми на депресија и затоа таа поминува незабележано.rnrn
rnrnСимптомите на депресија можат да варираат од благи и речиси незабележливи како што се губење апетит, одбегнување на пријателите и семејството и агресивно однесување, до многу силни како што се неспособноста да се стане од кревет, несоница и самоубиствени мисли. Без разлика дали депресијата ви била дијагностицирана или не, страшно е сознанието дека постои вистинска причина зошто се чувствувате лошо. Можеби мислите дека оваа информација треба да ја задржите за себе за да ги поштедите вашите пријатели и семејството, но поддршката навистина многу би можела да ви помогне.rnrnНа многумина им е тешко да живеат со помислата дека страдаат од депресија. Но, треба да запаметите дека не сте сами. Депресијата е многу честа појава и постојат многу начини да се поврзете со луѓе кои поминуваат низ истото.rnrnДоколку се чувствувате тажно или не знаете како се чувствувате, прочитајте ги следниве реченици за да видите дали ќе можете да се пронајдете. Ако совршено ја отсликуваат вашата емоционална состојба, можеби е време да им се обратите на блиските пријатели, семејството или да побарате стручна помош. Битката е тешка, но не мора да ја водите сами. Станува збор за следниве реченици…rn
„Спиењето не е само спиење, туку бегство.“
rn
„Живеам во тело кое се бори за да преживее со ум кој посакува да умре.“
rn
„Се чувствувам исцрпено.“
rn
„На другите луѓе не им е гајле за мене.“
rn
„Ќе завршам напуштен/а или сам/а.“
rn
„Нема да успеам да го пребродам ова.“
rn
„Не гледам причина да продолжам да се трудам.“
rn
„Се чувствувам безнадежно.“
rn
„Немам апетит.“
rn
„Нема врска, добро сум.“
rn
„Немам никакви чувства.“
rn
„Немам енергија за ништо.“
rn
„Ги кријам вистинските емоции за да не им стане непријатно на луѓето околу мене.“
rn
„Не сакам да бидам товар.“
rn
„Не ми е гајле веќе за моите интереси и желби.“