Вие, како и секој родител, сте горди на вашето дете, но нешто во вас говори дека тоа е понапредно од неговите врсници. Многу пати ви поминала таа мисла низ главата, но веројатно набрзо сте си рекле дека ги преувеличувате работите и дека сте пристрасно настроени кон своето најмило. Според Националната асоцијација за надарени деца, постојат најмалку 11 знаци кои укажуваат на генијалност, а на кои особено внимание треба да се обрне во периодот кога децата се на возраст од 2 до 5 години.rnrn
rn
1. Поседува беспрекорно паметење
rnИако се толку мали, имаат меморија која ве остава без зборови. Паметат работи за кои дури и вам ви треба време да се помислите за да се сетите. На пример, многу често знаат да ви забележат дека таа недела дури три пати сте имале пилешко за ручек.rn
2. Почнува да зборува од многу мала возраст и има богат речник
rnПоголем дел од децата, до својот 15-ти месец веќе кажуваат зборови. Но, особено талентираните деца, кои имаат голем потенцијал да прераснат во генијалци, многу порано од своите врсници умеат да сврзат реченици, фрази и метафори.rn
3. Поставува чудни прашања
rnКако на пример „Зошто кравата скокна преку месечината?“rn
4. Може долго време да биде сконцентрирано на една работа
rnИако малите деца многу брзо го губат интересот за нештата околу нив, и по неколку секунди наоѓаат нова работа за која се фаќаат, децата со голем интелектуален потенцијал се поинакви. Доколку вашето дете уште на 2 години може без проблем да изгледа долгометражен филм за деца, тогаш тоа е потенцијален генијалец.rn
5. Има широка палета на интереси
rnОбожуваат музика! Сакаат да си играат со коцки! Уживаат во јога!rn
6. Или сето внимание го посветува на една специфична област
rnНа пример, детално ја проучуваат секоја книга за диносауруси, за планети, за морски животни, за возила…rn
7. Тоа е идеалист, но има особено развиено чувство за правда
rnМожеби е мало, но често знае да ви забележи дека не е фер што неговиот/нејзиниот брат добил шест од омилените бонбони, а тој/таа само пет.rn
8. Чита уште од мали нозе
rnДоколку сè уште не оди на училиште, а веќе сам/а чита цели страници од омилените детски книги, тогаш веројатно дома имате премногу интелигентно мало човече.rn
9. Има премногу жива фантазија
rnДецата со голем интелигентен потенцијал особено се карактеризираат со својата беспрекорна фантазија, во која имаат развиено мрежа од фиктивни пријатели.rn
10. Има супер енергија
rnТоа не е исто што и хиперактивноста. Едноставно, овие екстра талентирани деца уште од многу рана возраст можат да се фокусираат на одреден проблем и со часови да го решаваат, без притоа да се заморат или да им стане здодевно.rn
11. Најдобрата карактеристика: Има одлична смисла за хумор!
rnОвие деца се одликуваат со особена смисла за хумор. Иако се многу мали, често знаат да кажуваат шеги и да прават интересни игри со зборови. Но, мора да признаеме дека секое дете, без оглед колкав интелектуален потенцијал поседува, е забавно и интересно на свој начин. Децата се неверојатни. Многу нешта можеме да научиме од нив.