Замислете да не се откажувате од ништо, а килограмите да да се намалуваат. Нутриционистите презентираа план за исхрана со кој и тоа е возможно. Исхраната според биоритамот ви овозможува да јадете сè, но во строго определено време.rnrn
rnrnБиолошкиот ритам на телото може многу да ви помогне во процесот на слабеење. Секој орган има периоди во текот на денот во кои е активен или мирува, па ако ја планирате вашата исхрана според работата на органите, храната ќе се вари побрзо, а и вашиот метаболизам ќе биде побрз. Погледнете во кој период од денот органите се најактивни.rn
Од 06:00 до 10:00 часот
rnВо овој период, цревата и желудникот се максимално активни, така што тој период е идеален за појадок.rnrnНајдобро е пред појадокот да се напиете една чаша млака вода со лажичка лимон и со малку мед бидејќи тоа ја поттикнува работата на панкреасот и на црниот дроб.rnrnЗа појадок изберете храна богата со растителни влакна, со јаглени хидрати и со протеини: сирење, путер, интегрален леб, овесна каша со мед и овошје.rnrnНаутро се апсорбира целата храна и се претвора во енергија.rn
Од 09:00 до 13:00 часот
rnСлезината и срцето работат напорно во овој период и тоа е време за ментален напор и лесна ужина. Чај со грст суво овошје, јогурт со овошје или банана ќе ви бидат сосема доволни.rn
Од 13:00 до 15:00 часот
rnЦревата и желудникот повторно се активни и во тој период во организмот има многу амилаза и протеаза – ензими што ги разградуваат шеќерот и скробот.rnrnЗа да ја задржите работната способност на исто ниво, јадете храна што содржи протеини и растителни влакна.rn
Од 16:00 до 17:00 часот
rnВо овој период се активира системот за излачување, односно мочниот меур и потните жлезди, така што согорувањето на маснотиите се зголемува. Во овој период не треба да внесувате храна во организмот, туку препорачливо е да се посветите на некоја физичка активност.rn
Од 17:00 до 19:00 часот
rnВреме е за лесна вечера која најдобро е да се состои од печен зеленчук, младо сирење и овошје. Исто така, количината на оброкот треба да биде на половина од храната што ја јадевте за ручек.rn
По 19:00 часот
rnПо 19 часот органите за варење на храната работат побавно. Во тоа време, ензимите веќе не се излачуваат, па за да ги спречите напади на глад, најдобро е да се напиете една чаша кефир.rnrnПотоа, не треба да внесувате ништо друго освен растителен чај.rn
Од 20:00 до 21:00 часот
rnВо овој период почнува да се лачи мелатонин – хормон кој го подготвува телото за спиење. Помогнете му на вашето тело со чај од камилица без кофеин, со чај од маточина или од мајчина душица, така што ќе го смирите нервниот систем и ќе го подготвите за одмор.rn
Од 22:00 до 24:00 часот
rnОва е фаза на согорување на маснотиите. Ако во тоа време спиете и не сте имале обилна вечера, можете да изгубите и до 900 калории во текот на ноќта.rnrnОсвен тоа што во рок од еден месец ќе носите облека помала за два конфекциски броја, ќе се чувствувате и неспоредливо многу подобро.rnrnПрочитајте како да ги отстраните ефектите од прејадувањето и кои 5 намирници го чистат организмот од мрснотии.