Заслужувате повеќе од некој кој само го троши вашето време
Времето е важно, но тоа никогаш не го земаме предвид, особено кога станува збор за врските. Зборуваме за тоа дека нема да брзаме, како тоа да е златното правило на состанувањето – непочитување и неискреност едни кон други.
Дури и најмалку да изгледа како некој да ги брза работите, одма почнуваат да ни „свират аларми“. Разговорот за значењето на врската ја претвора другата личност во дух. Ако поставувате прашања тоа е како да носите знак околу вашиот врат на кој пишува дека премногу барате, премногу сте зависни и сте нетрпеливи, нешта кои не се атрактивни.
Па си го прегризувате јазикот и не правите ништо иако секојдневно се допишувате, редовно одите на состаноци па дури и спиете заедно, иако не знаете на каде се движи врската. Страв ви е да следите што се случува бидејќи денес најважно е да се гледа во моментот, а не премногу напред кон иднината. Се дружите колку што можете подолго , мислејќи дека таа „врска“ сепак се движи кон нешто сè додека друга личност не си замине без збор.
Може да биде лесно да заглавите во бескраен круг и никогаш да не поставувате прашања. Лесно е да се движите од една личност кон друга надевајќи се дека ќе најдете некаква поврзаност. Може да биде навистина страшно да прашате каде води сето тоа бидејќи може да не ви се допадне одговорот.
Заслужувате повеќе од некој кој само го троши вашето време
Кога намерите не ни се јасни, не можеме да обвиниме никој освен самите себе. Ако одбивате да бидете искрени за тоа што го сакате од другата личност, не можете да ја обвинете неа што не чита мисли. Сепак, ако сакате вистинска врска, а другата личност очигледно не го бара тоа, соочете се со фактите и заминете си. Не е важно колку е неверојатна таа. Не е важно колку ве привлекува. Она што е важно е вашето срце и она низ што минува за некој кој е само заинтересиран за една ноќ.
Може да биде забавно, и тоа ви е јасно. Не мора да се преправате дека сеќавањата не се прекрасни. Може да било неверојатно кога сте поминувале време заедно и кога сте се чувствувале како да сте важни. Може да биде возбудливо да се движите со текот на настаните и да не прашувате прашања за утре. Но ова е во ред сè додека не почнете да се прашувате за апстрактната ситуација која не знаете ни како да ја наречете. Вие ќе се фиксирате само на него/неа додека тој/таа си ги истражува неговите опции. Може да биде забавно, сè додека не е.
Во ред е да сакате вистинска врска. Не барате премногу и не сте луди што сакате нешто сигурно и реално, без разлика како се чувствувате.
Во ред е да сакате некого со исто мислење
Исто така не сте луди затоа што сакате одговори. Ако личноста со којашто се гледате не сака сериозна посветеност, и тоа е во ред. Не е во ред да се преправа дека сака нешто само за да ве задржи. Не е во ред да ве врти во круг и да се надева дека ќе го промените мислењето. Не е во ред да прави да се чувствувате како да барате премногу кога ќе поставите прашање само затоа што не сака да одговори.
Ако личноста со која што се гледате ви дава повеќе изговори наместо одговори, повеќе причини наместо посветеноста која ја барате, тогаш должни сте на самите себе да си заминете. Без разлика колку може да биде болно, имајте на ум дека ќе биде уште поболно со секој изминат ден кога ќе знаете дека всушност не сте вистински заедно. Без разлика колку се грижите за него/неа, важно е да знаете дека не можете да седите и да се надевате дека нешто ќе се случи. Вие заслужувате подобро. Должни сте на самите себе да не поминувате време со некој кој само го троши вашето.
Погледнете ги и фазите низ кои минува секоја успешна врска.