Неколку трикови со кои балконот ќе биде омилено место за уживање во текот на есента

Сподели

Овие трикови ќе ви помогнат да го приспособите балконот на новите временски услови и да го направите вистинска оаза за есенските денови.rn

Реклама

1. Подгответе поотпорни растенија

rnИако поради релативно високите температури во текот на денот сè уште не треба да ги менувате цвеќињата, треба да размислите што би сакале да додадете на вашиот балкон за неколку седмици.

Заменете ги летните растенија со поотпорни на кои нема да им пречи влагата предизвикана од утринската магла и од почестите дождови. Такви се, на пример, красулата и одредени видови фуксија.rn

2. Засадете мала зеленчукова градина

rnДекоративните растенија не мора да бидат единствените што ќе ги засадите на вашиот балкон. Имено, овој период е идеално време за садење одреден зеленчук и да уживате во неговите плодови во текот на есента. За тоа не ви требаат голема градина и цветни леи. Зеленчукот што ќе го засадите треба да стои на делот од балконот што ќе биде изложен на сонце во текот на целиот ден.rn

3. Додајте ќебиња

rnВечерите стануваат сè поладни, што сугерира дека доаѓа есента. Но, тоа не значи дека не можете да уживате на балконот навечер. Треба само да се подготвите за сите временски услови, а тоа ќе го направите најлесно со помош на ќебиња.

Можете да додадете и перници, а за да ги заштитите од можните врнежи, чувајте ги во водоотпорна кутија.rn

4. Осветлување и романтична атмосфера

rnМалите жолти светилки не се наменети само за божиќна декорација. Тие додаваат одредена топлина и создаваат романтична атмосфера. Кога купувате светилки, изберете ги оние што се наменети за надворешни простории бидејќи тие се отпорни на дожд, на влага, па дури и на ветер.

Погледнете ги и овие 10 кадифени каучи што се идеални за вовлекување под ќебе.

Популарно

Може ќе ве интересира