5 лаги што смеете да му ги кажете на вашиот партнер

Сподели

Зборовите се остри како нож и лесно може да ѝ наштетат на вашата врска, особено ако се лажни. Меѓутоа, постојат ситуации во кои смеете да го лажете вашиот партнер. Проверете кои лаги ги одобрија експертите.

Реклама

rn

1. „Во право си“

rnОвие три мали волшебни зборови функционираат кога не се согласувате со партнерот, но имате голема желба да ја прекинете караницата која не води никаде. Иако на прв поглед изгледа дека ваквото однесување ѝ противи на интуицијата, сепак експертите велат дека е всушност доста ефикасно.rn

2. „Изгледаш сјајно“

rnСтанува збор за универзалниот одговор на секое прашање поврзано со изгледот кое партнерот ви го поставува затоа што во тој момент се чувствува самоуверено. Тоа се ситуации во кои сите ние бараме поддршка и одобрување од партнерот.rn

3. „Те сакам повеќе од што било на светот“

rnЕкспертите утврдиле дека типот на лажење кој се нарекува огромна нежност помага во одржувањето на љубовната врска. Во прашање се големи изливи на нежност кои можеби се нереални, но ги мотивираат вистинските чувства кои само се обидуваме да ги разубавиме со претерани епитети.

rn

4. „Добро сум“

rnПостојат ситуации во кои сакаме да го заштитиме партнерот од стресот низ кој ние поминуваме, бидејќи знаеме дека тој едноставно не може да ни помогне да се носиме со тоа. Психолозите велат дека во тие ситуации можеме да ја користиме оваа мала бела лага.rn

5. „Те разбирам“

rnВажно е да го поддржувате вашиот партнер и во некои ситуации да ги споделувате неговите емоции. Кога тој ви ја прераскажува караницата со пријателите покажете разбирање за него, дури и ако можеби не се согласувате со него во целост. Тоа не значи дека не го изразувате своето мислење, само кажете дека го разбирате неговото дури и ако не е така.

Популарно

Може ќе ве интересира