Автобусите во Лондон го заменуваат дизелот со биогориво од кафе

Автобусите во Лондон го заменуваат дизелот со биогориво од кафе

Во блиска иднина, автобусите во Лондон можеби ќе работат на биогориво од кафе. Овој изум е резултат на целта да се направи градот што е можно поеколошки. На „случајот“ работат компаниите Shell и Argent Energy.

avtobusite-vo-london-go-zamenuvaat-dizelot-so-biogorivo-od-kafe-kafepauza.mk

Компанијата соработува со властите од Лондон за проектот. Досега се произведени 6.000 литри масло од кафе за експериментот. Оваа количина е доволна да го напојува еден автобус за цела година. Артур Кеј, основачот на проектот изјавил:

„Ова е одличен пример за тоа што може да се направи кога почнуваме да го замислуваме отпадот како неупотребен извор.“

Секоја година Британија произведува 500.000 тони кафе. Поголемиот дел е исфрлен и предизвикува штета. Кога ќе се искористи овој отпад, се спречува влошувањето на климатската промена.

Како е направено биогоривото од кафе?

Производството започнува со собирање искористено кафе од фабрики, ресторани и кафетерии. Потоа кафето се пренесува во фабриката каде што се мели и се суши и се претвора во масло. Маслото од кафе се меша со други горива за да се создаде B20 биогориво, кое може да се користи кај автобусите на дизел без модификација.

„Искористеното кафе е навистина калорично и користи вредни состојки, а тоа е одлично за производство на чисто гориво.“

Иако уште нема формална согласност, од компанијата се надеваат дека автобусите во Лондон би се напојувале со ова гориво. Во меѓувреме од компанијата бараат нови пазари и примени. Овој проект има огромен потенцијал да се прошири и во САД, бидејќи таму се пие најмногу кафе на планетата – 400 милиони шолји дневно.

А бидејќи и кај нас загадувањето станува сè поголем проблем, можеби би било одлично да се земе предвид и овој проект за нашиот јавен превоз при носењето одлуки како да го прочистиме воздухот што секојдневно го дишеме. Што мислите, како големи пијачи на кафе, дали би ни успеало?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар