КАФЕ ПАУЗА

Боите во светот на модата што ќе ја освојат новата сезона

Пристигнува она годишно време во кое можеме да си играме со модните комбинации, боите и аксесоарите за да создадеме позанимлив и пооригинален изглед кој ќе нè издвои од толпата. Уште само неколку денови до пролетта каде што сѐ „пука“ од бои! Кончено можеме да заборавиме на темните, досадни нијанси и да се препуштиме на колоритноста. Но, што ќе носиме оваа пролет? Кои бои ќе доминираат? Подгответе се и запишете ги овие бои во вашиот моден тефтер.rnrn1-koi-boi-kje-dominiraat-vo-novata-sezona-koja-e-pred-nas-www.kafepauza.mk_rn

1. Сина

rnСлободно можеме да кажеме дека во оваа пролет ќе доминираат сите нијанси на сината боја. Темни, светли, морски, пастелни, електрични, кралски… Доаѓаат предвид сите нијанси што можете да ги замислите. Освен тоа што ќе ја вклучите сината боја во вашите модни комбинации, можете да ја вклучите и во вашата бјути рутина со тоа што ќе изберете сина сенка за очи, маскара, лак за нокти… Сината боја ќе ве следи секаде!rnrn rn

2. Зелена

rnКога станува збор за зелената, тоа што ќе доминира за време на оваа пролет се војничките парчиња облека, маслинесто зелените нијанси, како и пастелните доколку сакате понежен изглед, а топ тренд е каки нијансата на зелена боја на која ѝ се предвидува голем успех во уличните модни комбинации и тоа особено во текот на летото. Силно зелената боја, исто така, изгледа доста добро доколку сте фан на впечатливите нијанси.rnrn rn

3. Виолетова и розова боја

rnОсумдесеттите години се вратија повторно во мода, а тоа најлесно може да се воочи токму поради изборот на сите нијанси на виолетова, розова и слични тонови. Силните нијанси можеби се тешки за комбинирање и носење, но тие претставуваат вистински моден предизвик. Доколку сакате да изгледате посуптилно и понежно, тогаш избирајте ги пастелните тонови на овие нијанси. Исто како во случајот со сината боја, и виолетовата и розовата се дозволени кога станува збор за шминката.rnrn rn

4. Портокалова

rnНе само што е ултра модерна боја за оваа пролет туку е и боја која му прилега секому! Ќе изгледате одлично во сите варијанти, без разлика дали ќе изберете светли или темни нијанси, елегантни или спортски комбинации… Супер боја за супер тренди девојки!rnrn rnОткријте кои се преостанатите четири бои кои ќе се најдат на врвот за оваа пролет на следната страница.rn