6 тактики што ги користат социопатите, нарцисите и психопатите за да ве замолчат
Голем број луѓе се жртви на нарцисите и психопатите. Во денешно време, со оглед на тоа што многумина гледаат како да ги искористат луѓето околу нив, не е толку лесно да се препознаат нарцисите, психопатите и социопатите. Ваквите поединци се големи манипулатори и тие постојано наоѓаат разни начини да ги контролираат и повредат останатите за да стигнат до целта. Освен тоа, тие знаат како да се извлечат од целата ситуација и да направат нивните жртви да се чувствуваат виновни поради тоа што се случило.
Колку и да ви се чини тешко, мора да бидете претпазливи и да стоите на страна од овие поединци. Најчесто, социопатите, нарцисите и психопатите користат 6 тактики со кои ги манипулираат, контролираат и замолчуваат нивните жртви. Дознајте за што станува збор…
1. Погрешно ги толкуваат зборовите
Се сеќавате на ситуациите кога сте им кажале нешто на вашите пријатели и тие веднаш започнале војна? Психопатите многу добро знаат како да ги злоупотребат зборовите. Кога кажувате нешто, тие го разобличуваат тоа на таков начин што другите погрешно ве разбираат и стекнуваат погрешно мислење за вас. Благодарение на нив, може да добиете лоша репутација и да оставите впечаток на злобна и сурова личност. Треба да бидете многу внимателни доколку забележите такво однесување. Никогаш нема да можете да ги предвидите нивните постапки.
2. Ги контролираат другите
Нарцисите секогаш се обидуваат да ги контролираат другите, но не го прават тоа директно. Најпрво, ќе се обидат да ве изолираат од семејството и пријателите. Кога ќе успеат во тоа, ќе се фокусираат на вашата ранливост. Замислете си ситуација во која најблиските луѓе почнуваат погрешно да ве разбираат, па дури и да ве обвинуваат без никакви причини! Како последица на тоа, ќе ја изгубите вашата самодоверба и ќе станете емотивно слаби.
Наредниот чекор што го преземаат овие луѓе е следниов: Се однесуваат како да ви се најдобри пријатели! Тие ќе ве натераат да поверувате дека ве разбираат и ќе ја придобијат вашата доверба. Откако ќе завршат со тоа, ќе ја побараат вашата помош и ќе ви кажат точно што треба да направите. На тој начин, тие ќе воспостават целосна контрола врз вас и ќе ја постигнат својата цел.
3. Ја менуваат темата
Нарцисите и психопатите секогаш ја менуваат темата на дискусија, доколку не им се допаѓа или доколку постои ризик да ја разоткрие нивната вистинска природа. Тие ќе кажат шега или ќе наведат безначаен пример за да ја одбегнат првичната тема на разговор.
4. Манипулираат со реалноста на таков начин што ве наведуваат да помислите дека сте луди
Психопатите се способни да ја извртат реалноста и да ве натераат да помислите дека реалноста во која вие верувате произлегува од вашата имагинација. Тие ги изместуваат фактите и ве наведуваат да се сомневате во вашето лично разбирање за светот. Ако почнете да верувате во нивната верзија на реалноста, може да полудите, бидејќи ќе ја изгубите вашата самодоверба.
5. Триангулација – Користат туѓи мислења за да ја докажат нивната поента
Нарцисите секогаш се обидуваат да додадат повеќе референции за нивните мислења. Тие ги спомнуваат туѓите ставови за да ја докажат нивната поента кога се расправаат. Како последица на тоа, ќе ви се чини дека многу луѓе ги поддржуваат нивните аргументи, па затоа ќе добиете впечаток дека сте надгласани. Нема да знаете каде сте погрешиле, но ќе ве измачува идејата дека имате погрешно мислење за работите.
6. Проекција – Ги истакнуваат недостатоците
Еден од најчестите методи на манипулација е истакнувањето на туѓите недостатоци. Психопатите секогаш ќе се обидат да ве натераат да поверувате дека негативните работи се случуваат поради вашите маани. Ќе ве доведат до точка да посакате да се поправите, иако во реалноста, тоа е само нивен обид да ги скријат сопствените маани.
Секогаш треба да бидете претпазливи со ваквите луѓе. Нарцисите, психопатите и социопатите се хранат со вашите негативни мисли и недостаток на самодоверба. Само вашиот оптимизам може да ве спаси од овие поединци.
Во продолжение, дознајте ја и вистинската разлика помеѓу социопат и психопат.