Сите ние познаваме барем една личност која од врската едноставно не може да излезе достоинствено, туку се претвора во луда бивша. Но, како да знаете дали токму вие сте се претвориле во оваа личност? Погледнете ги следниве знаци…
rn
1. Постојано го следите на социјалните мрежи
rnИако раскинавте, вие знаете многу повеќе за неговиот живот отколку кога бевте заедно. Знаеме дека ви изгледа нормално постојано да проверувате што прави вашиот поранешен партнер, каде се наоѓа и со кого е, но тоа само ќе ви го отежни процесот на разделување, а ќе ви ја зголеми опсесијата. rn
2. Намерно излегувате на места на кои ќе го сретнете
rnТоа го правите бидејќи ви недостига, но ако сакате чувството да биде двострано, морате и вие нему да му недостигате. Ако постојано се појавувате во кафулето каде што најчесто седи со пријателите или пак, скоро секој ден „случајно“ го сретнувате пред зградата во која работи, тој нема да има доволно време и простор да го почувствува недостигањето од неговата страна.rn
3. Го посрамотувате на социјалните мрежи
rnЛутите статуси, песните кои се посветени за него и депресивните цитати не се ниту привлечни, ниту пак секси. Тие изгледаат детско и незрело.
rn
4. Се однесувате како да сте заедно
rnБез разлика дали станува збор за коментирање на статус, при што се обидувате да сокриете дека сте раскинале, или пак константно праќање пораки како сѐ уште да сте заедно, единственото нешто што можете да го постигнете со ова однесување е да направите да изгледате и да делувате лудо во неговите очи.rn
5. Правите сцени
rnНе мораме да објаснуваме зошто девојките кои прават сцени ги ставаме автоматски во категоријата „луди бивши“, се согласувате?

