Шведскиот артист Ијан Бери, познат под уметничкото име Дениму, работи исклучиво со парчиња тексас во разни нијанси на сино и на нив „слика“ пејзажи и луѓе. „Сликите“ на овој артист претставуваат извонредна мешавина од бои, нијанси и облици. За разлика од традиционалните сликари кои можат да ги измешаат боите сè додека не ја добијат нијансата која им е потребна, Дениму се соочува со многу потешка задача, отсекувајќи ја внимателно секоја нијанса, така за да одговара на предметот кој се илустрира.rnrn
rnrnПрвпат почнал да се занимава со арт на џинс кога по студирањето се вратил во своето гратче од детството Хадерсфилд, Англија во 2006 година. Таму начекал куп стари фармерки, кои веројатно ќе завршеле во добротворни цели. Но, артистот Дениму видел можност за реупотреба на оваа ткаенина на уникатен начин. Почнал да експериментира со текстилот додека истовремено учел како да манипулира со боите, користејќи белило, матрици за цртање и лепак. За една слика му требаат неколку недели, а за тоа време тој макотрпно сече, шие и лепи парчиња создавајќи импресивни ремек-дела. rnrn
rnrnБери почнал да работи на своите „слики“ од тексас со полно работно време откако бил отпуштен од работа како уметнички директор. Тој досега има изработено 80 „слики“, но очекува дека во иднина темпото ќе се намалува со оглед на тоа дека ќе посветува повеќе внимание на секое индивидуално дело. Понекогаш му треба половина ден само за да го најде вистинското парче тексас.rnrn
rn
„Веројатно ќе правам сè помалку и помалку секоја година, бидејќи сакам да правам поголеми слики со повеќе детали. Навистина би сакал да ги правам побрзо, но поважно ми е да работам подобро отколку побрзо. Имам сè повеќе нарачки, но во моментов сум повеќе концентриран на изложби во галерии. Мислам дека луѓето ќе почекаат ако навистина ги сакаат моите слики. Не сакам да заработам набрзина. И онака би прифатил само интересни нарачки.“
rn
rnrn28-годишниот артист неодамна се врати од изложба во Мајами, Флорида, каде што неговите дела достигнаа цена до 4.500 фунти за парче.rnrn






rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
