Никогаш не треба да заборавиме дека храната што ја консумираме влијае врз нашето здравје на различни начини, пред сè на срцето, но и на мозокот. Во продолжение прочитајте кои намирници треба да ги одбегнувате доколку сакате да ви се подобрат меморијата и фокусот.rnrn
rn
Храна со вештачки засладувачи
rnКога внесувате вештачки засладувачи кои немаат хранлива вредност, тоа може да го влоши нивото на лоши бактерии во цревата. Ова се однесува на сахарин, сукралоза и стевија, а особено на аспартам, кој е поврзан со анксиозност и може да го зголеми нивото на слободните радикали во мозокот.rn
Храна направена со индустриско и преработено масло
rnПреработеното масло се добива од соја, пченка и сончоглед и содржи многу омега-6 масни киселини. Прекумерното консумирање на овие киселини предизвикува телото да произведува хемикалии кои доведуваат до воспаление на мозокот. Затоа, нутриционистите препорачуваат почесто да користите маслиново, кокосово и авокадово масло.rn
Храна со додаден и рафиниран шеќер
rnНа нашиот мозок му треба гликоза за да функционира, но премногу шеќер може да доведе до вишок гликоза во мозокот. Ова може да ја влоши меморијата и ова важи и за солената храна која исто така содржи шеќери, како што се кечап и сосови за тестенини.rn
Преработена храна
rnИсхраната богата со високо преработена храна може да доведе до влошување на здравјето на клетките и зголемен ризик од дегенеративни болести. Покрај тоа, оние кои го консумираат овој вид на храна имаат поголеми шанси да доживеат блага депресија во споредба со оние со различна исхрана.rn
Пржена храна
rnИако пржената храна е вкусна, сепак не заборавајте дека таа има негативно влијание врз мозокот. Едно истражување покажало дека оние кои јадат многу од овие намирници имаат полоша меморија и полоши когнитивни способности.rnrnОткако прочитавте кои намирници можат лошо да се одразат врз вашата меморија, можеби ќе сакате да ги прочитате и 5-те едноставни навики за подобрување на меморијата.rnrnИзвор: cnbc.com
