КАФЕ ПАУЗА

Што треба да знаете пред да почнете врска со девојка што била оставена?

Таа е грижлива, внимателна и полна со љубов, но понекогаш сомнежите и двоумењата предизвикани од претходната токсична врска можат да ѝ се мешаат во сегашната и полека да ѝ ја уништуваат шансата за вистинска среќа. За да ѝ помогнете да се опушти, како и да ја стекнете нејзината доверба, мора да внимавате на следниве 7 однесувања…rnrnshto-treba-da-znaete-pred-da-pochnete-vrska-so-devojka-shto-bila-ostavena-www.kafepauza.mkrn

1. Таа на почетокот нема да ви верува

rnШто и да направите, таа ќе се движи со сомнеж. Но не грижете се, овој пат навистина не е до вас – до неа е. Таа минала низ многу тежок период и уште стои со едната нога во минатото. Ова ја прави скептична за иднината и песимист.rn

2. Ќе ѝ треба време за да се отвори

rnНа почетокот, вие ќе имате пристап само до нејзината површина. Па така ќе дознаете каде одела на факултет, како се забавува и што во моментов ѝ е потребно од една врска. Таа нема да навлегува во детали за детството, за родителите ниту пак за нејзините најголеми стравови.rn

3. Научена е на токсични врски, па затоа очекувајте сомнежи

rnТаа може да мисли дека сте премногу добри да бидете вистинити бидејќи не е научена некој да се однесува кон неа со почит. Тоа е нешто на што ќе мора да се навикне со тек на време, но по пат очекувајте реакции што може да укажуваат дека не ви верува.rn

4. Таа ќе се чувствува непријатно ако премногу брзате

rnНе би сакала да ја запознаете со родителите по само неколку состаноци. Во моментов потребно ѝ е време да се погрижи дека нема да направи уште грешка во љубовта. Движете се бавно и дозволете ѝ убаво да ги обработи сите настани меѓу вас.rn

5. Таа нема да реагира на типична романса

rnБукет цвеќиња, срцести чоколади, светкав прстен… сите овие нешта можат да ѝ предизвикаат насмевка, но ништо повеќе. Ако навистина сакате да ја воодушевите, тогаш одржувајте ги ветувањата, останете покрај неа низ сито и решето и покажете ѝ ја љубовта преку ситни дела, наместо големи подароци.rn

6. Таа можеби нема да сака брак и деца

rnНо тоа не значи дека не сака сериозна врска со вас. Таа верува дека двајца можат да се сакаат дури и без парче хартија со потпис или семе во нивниот стомак.rn

7. Кога ќе помислите дека се подобрила, таа ќе има момент на несигурност

rnОва е само затоа што таа е навикната нештата да пукаат кога неа ѝ изгледаат најсовршено. Но не грижете се. Откако ќе преспие и ќе се разбуди покрај вас, сфаќајќи дека не сте ја напуштиле во текот на вечерта, таа повторно ќе се врати на себе.rnrnПрочитајте ја и оваа исповед на една оставена девојка: Кога момчето ќе го забрани секси облекувањето…