Најреалистичните закани од вештачката интелигенција

Сподели

Денес постојат многу теории за потенцијалната закана од вештачката интелигенција. Филмовите во кои главни негативци се роботите стануваат сè побројни. Но што всушност мислат научниците и експертите за способноста на вештачката интелигенција? На оваа листа се наоѓаат најпознатите теории и мислењето на научниците за нив.rn

Реклама

1. Трка за вооружување

rnНа 28-ми јули 2015 година, група од технолошки гиганти, вклучувајќи ги Елон Маск, Стивен Хокинг и Ноам Чомски, напиша отворено писмо за најголемата закана од вештачката интелигенција – трка за вооружување. Овие луѓе ја опишуваат можноста за трета револуција во војувањето, после барутот и нуклеарното оружје. Од една страна, автономното оружје ќе го намали бројот на загинати војници. Но, од друга страна воените сили може да почнат глобална трка за вооружување и ќе создадат автономни оружја кои се способни за сè – од атентати до геноцид.rn

2. Вештачка интелигенција програмирана за уништување

rnПоврзано со претходната теорија, научниците се плашат дека вештачката интелигенција со способност за убивање може да се најде во погрешни раце. Истата група луѓе од претходната теорија смета дека ако се создадат вакви оружја, тие ќе бидат покомплицирани и нема да може едноставно да ги исклучите.rn

3. Невработеност поради вештачката интелигенција

rnЕкспертите предвидуваат дека невработеноста ќе се зголемува бидејќи уште сега сме сведоци на работници кои се заменуваат со роботи. Но, и многу од индустриите кои бараат „знаење“ ќе страдаат од ова. Секојдневно гледаме како вештачката интелигенција полека навлегува во медицината, законот и архитектурата.rn

4. Вештачка интелигенција како професионалец

rnПостои еден филозоф, Ник Бостром, кој користи сценарио со спојници за хартија за да ја објасни теоријата. Замислете си робот кој е многу добар во својата работа: да претвора разни работи во спојници. Но, бидејќи нема никакви способности за донесување одлуки, роботот почнува сè што ќе види да претвора во спојници, вклучувајќи ги и луѓето. Целта на овој смешен пример е да се демонстрира стравот кој го имаат некои експерти за ненамерните последици од вештачката интелигенција. Теоретски, ова е возможно. Вештачката интелигенција да стане толку добра во својата работа, па нејзината програма да ја натера да отстрани сè што ѝ пречи во исполнување на задачата.rn

5. Случајно деструктивна вештачка интелигенција

rnЕкспертите сметаат дека вештачката интелигенција е создадена да прави добри работи, но понекогаш и лоши за да ја постигне својата цел. Замислете си дека вештачката интелигенција добива наредба да направи луѓето да не бидат повредувани. За да ја постигне целта, вештачката интелигенција ги спречува луѓето воопшто да се родат. Сепак, само си ја работи работата, нели?rn

6. Сингуларност

rnБогатата историја на научната фантастика ја направила оваа теорија една од најпознатите. За оние што не знаат, сингуларност е кога вештачката интелигенција официјално ќе го надмине човекот. Ова е моментот кога машините го преземаат светот. Иако не е баш реалистична, Стивен Хокинг и Елон Маск имаат изјавено дека се плашат од ова. Сепак, Хокинг е оптимист и смета дека додека да дојде време за сингуларност, човештвото ќе живее надвор од Земјата.

Продолжува на следната страница…rn

Популарно

Може ќе ве интересира