rn
7. Хакирани беспилотни автомобили
rn
rnrnИако е возможно беспилотните автомобили да бидат хакирани со цел да се направи штета, експертите веруваат дека најреалистичната грижа која треба да ја имаме за хакирањето е крадењето на нашите податоци. Крег Смит изјавил дека ако го ставите вашиот телефон да се полни во автомобилот, поголема е веројатноста тој да биде хакиран, отколку некој да го „преземе“ возилото. Колку е помодерна технологијата на автомобилот, толку повеќе можности се создаваат за хакерот да ги преземе вашите податоци.rn
8. Луѓе-машини
rn
rnrnПостои група научници кои се нарекуваат Кернел, кои работат на „отклучување“ на „заробениот потенцијал“ на мозокот. За да го постигнат ова, тие прават мост помеѓу човекот и машината со микрочип кој се става во мозокот. Моментално го тестираат ова на луѓе со нарушувања како Алцхајмер или луѓе со повреди на мозокот, и има напредок. Во иднина научниците се надеваат дека микрочипот ќе биде достапен за секој. Зарем ова не звучи како чудна фантастика со киборзи?rn
9. Живееме во симулација
rn
rnrnМожеби ова не изгледа реално, но многу паметни луѓе, вклучувајќи го и Елон Маск, веруваат дека теоретски е возможно да сме ликови во видеоигра на некое многу напредно галактичко општество. Кога го прашале за ова на една конференција, Маск одговорил:rn
„Пред 40 години ја имавме Понг – игра со два правоаголници и точка. Денес имаме фотореалистични 3Д симулации на кои секојдневно играат милиони луѓе во исто време. А ова секоја година се подобрува. Наскоро ќе имаме виртуелна реалност. Ако ја земете предвид брзината на напредување, тогаш не ќе можеме да ги разликуваме игрите од реалноста.“
rnЗначи, според напредокот кој го гледаме кај видео игрите во последните 40 години, голема е веројатноста да сме симулација.rn
10. Ние нема да бидеме шампиони
rn
rnrnОва е повеќе напад на нашето его наместо „закана“ за нашето постоење, но со напредокот на вештачката интелигенција постои можноста да не бидеме најдобри во вештините со кои си се гордееме. Вештачката интелигенција веќе го победи најдобриот шахист. Во 2016-та година, вештачката интелигенција ги победи шампионите во играта „Go“ (древна апстрактна игра со безброј варијации за стратегија). Па, што е следно? Можеби вештачката интелигенција ќе биде најдобра во фудбал или кошарка.rn
11. Луѓето мислат дека ја разбираат вештачката интелигенција
rn
rnrnИстражувањата ни покажуваат дека не ја разбираме опасноста која постои од вештачката интелигенција. Ние мислиме дека ако роботите изгледаат како луѓе, тие и ќе се однесуваат како луѓе. Бидејќи вештачката интелигенција не е човек, постои опасноста да создадеме нешто кое нема да се однесува како што сме предвиделе.rnrnПогледнете ги и откритијата ја претставуваат се иднината на технологијата.