Автор: Горана КоневскаrnrnСвирењето на пијано не само што е интересно и забавно, туку овозможува и одлична вежба за мозокот. Исто како што трчањето или аеробикот имаат влијание врз мускулите на телото, секојдневното вежбање на пијано, па макар и само 20-тина минути, ќе ве држи ментално во форма.rnrn
rnrnЗа многу возрасни личности, свирењето на пијано е одличен начин да се справат со стресот, да го стимулираат мозокот, да ја подобрат координацијата и да се чувствуваат убаво.rnrnОсвен тоа што пијаното е прекрасен инструмент со убав изглед и богат звук, постојат и многу други причини зошто да научите на свирите пијано:rn
- rn011
- Музиката има терапевтско и смирувачко својство.
- Свирењето на пијано има влијание врз развојот на моториката на рацете. Тој е инструмент на кој се свири независно со двете раце со сите 10 прсти, па ова може да ви помогне и во вашите вештини за пишување на тастатура.
- Некои истражувања покажале дека свирењето на пијано, може да развива дополнителни вештини. Децата од средно училиште кои свиреле на пијано, покажале не само високо развиени уметнички и музички вештини, туку и подобро напредувале во користењето на јазикот и математиката.
- Пијаното ви овозможува социјализација – замислете си само колку е прекрасно да седите со своето семејство во топла домашна атмосфера, а вие да сте во центарот каде свирите пијано и сите заедно пеете песни.
- Свирењето на пијано може да се прилагоди на вашите желби и согласно на типот на вашата личност – доколку сакате да бидете сами, може да го користите како соло инструмент, кој секогаш звучи богато и динамично или пак да свирите заедно со вашите пријатели кои свират на друг инструмент, доколку преферирате да бидете во друштво.
- Пијаното го изострува и умот и телото (концентрација и правилно држење на ‘рбетниот столб).
- Свирењето на пијано резултира со опуштеност и смиреност, но бара и емоционална ангажираност. Ова може да ви помогне да станете поспретни и посталожени.
- Свирењето на пијано ги ангажира двете мозочни хемисфери и ја развива способноста за истовремено правење повеќе работи одеднаш.
- Доколку сакате да ја научите теоријата на музиката, најдобро е да земете часови по пијано. Тоа е инструмент за кој е неизбежно да знаете да ги читате и разбирате нотите. А доколку потоа сакате да свирите и на друг инструмент, благодарение на претходното искуство со пијаното, ова може да ви оди многу полесно.
- Пијанистите можат да се занимаваат со мноштво професии: да бидат придружба во хор, да свират во цркви, на разни настани, да подучуваат, да создаваат музика за филм или за реклами, да компонираат оркестрални дела, како и да бидат дел од музички групи.
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
