5 трикови кои ќе ви помогнат да си легнувате порано

5 трикови кои ќе ви помогнат да си легнувате порано

Сигурно ги знаете придобивките од будењето рано наутро, но за тоа е потребно и да си легнувате порано. Се разбира, многу често полесно е да се каже отколку да се направи. Па затоа, еве ви 5 трикови кои ќе ви помогнат да си легнувате порано.

5-trikovi-koi-kje-vi-pomognat-da-si-legnuvate-porano-site-kafepauza.mk

Исклучете ги сите електронски направи порано

Користењето електронски направи навечер го тера мозокот да работи. Светлината го намалува производството на мелатонин, хормон кој го контролира циклусот на спиење. Исто така, ако имате навика да гледате телевизија или да играте игри, вие го зголемувате нивото на кортизол, хормонот за стрес. Па, најдобро е да ги исклучите електронските направи еден час пред спиење.

Пишувајте дневник

Иако звучи како нешто што го прават тинејџерите, дневникот може да ви помогне да се успиете порано, се разбира доколку не го пишувате на компјутер. Кога ќе ги запишете вашите грижи и мисли, привремено ќе заборавите на нив и полесно ќе заспиете.

Не ја носете работата дома

Кога ќе одлучите да работите од дома, постојано ќе бидете во искушение да работите до доцна во ноќта. Подобро е работата да ја оставите во канцеларијата и да ѝ се посветите целосно следниот ден наместо претходната вечер, пред спиење.

Избегнувајте жешки бањи

Можеби сте слушнале дека жешката купка ќе ве опушти. Тоа е вистина, но исто така ќе ви ја покачи и телесната температура. Ако сакате да се опуштите со купка, направете го тоа со постудена вода, и барем еден час пред легнување.

Будете се во исто време

Најдобриот трик да почнете да си легнувате порано е да станувате во исто време секое утро. На почетокот ќе ви биде тешко, но со текот на времето вашето тело ќе се навикне и ќе почнете да заспивате порано.

Откриете и колку часови спиење ви се потребни според вашата возраст.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар