Во текот на летото сакаме да експериментираме со фризурите и да пронаоѓаме нови начини за да ја собереме долгата коса, а притоа да добиеме модерна и шик фризура. Доколку сакате да носите плетенки – оние во форма на патент се идеални за вас.rnrn
rnrnНа прв поглед можеби изгледа комплицирано, меѓутоа со само неколку едноставни чекори ќе ја совладате изработката на оваа практична и ефективна фризура која подеднакво можете да ја носите на плажа, како и за бројни летни излегувања и посвечени случувања.rnrn
rnrnНајважно е да ја подготвите косата за изработка на оваа плетенка. Потребно е на врвот да издвоите 3 прамени со чија помош ќе ја креирате оваа фризура.rnrn
rnrnКако чекор по чекор да ја изработите оваа плетенка, погледнете во видео туторијалот.rnrnrnrnДоколку сте голем љубител на плетенките, ви предлагаме да ги погледнете овие одлични фризури со плетенки за секоја летна прилика.
Нова фризура која привлекува погледи: Плетенки во форма на патент
