Веќе е познато дека денес модните блогерки ги диктираат трендовите. Кога тие ќе облечат некое парче облека и ќе го промовираат на своите социјални мрежи, нема сомнение дека тоа ќе биде новото омилено парче ширум планетата. Пребарувајќи по Интернет откривме дека во текот на ова лето повеќе од кога било во мода се белите фустани со голи рамена во комбинација со плетени чанти.rnrn
rnrn1. Модната блогерка, Џили Саринана, која стои зад блогот „Sincerely Julies“, е една од водечките блогерки што со малку труд ги диктира трендовите. Кога е таа во прашање, ние сме навикнати да ја гледаме облечена во лежерни и пред сѐ удобни модни комбинации, најчесто надополнети со модни аксесоари. Така беше и сега.rnrn
rnrn2. Наташа Оклеј е блогерка која веќе долго низ годините е заштитно лице на многу престижни брендови на костими за капење. Таа го промовира здравиот начин на живот, здравата исхрана и фитнесот. А, кога е стилот во прашање, со задоволство избира дамски модни комбинации.rnrn
rnrn3. Рејчел Барнес или попозната под името „Rocky Barners“ е уште една во низата трендсетерки што на своето летување во Мексико прошета по плажата во долг бел фустан со голи рамена во комбинација со мала сламена чанта.rnrn
rnrn4. Авторката на блогот „Lovely Pepa“, Александра Переира, со својот стил успеа да ги освои сите љубители на модата. Таа својот бел фустан и плетена чанта ги комбинирала со шешир.rnrn
rnrnОсвен инспирацијата во светот на модата, модните блогерки имаат инспиративни домови во кои секоја жена би посакала да живее.
Модна комбинација по која полудеа сите светски блогерки
