10 тајни скриени во логoата на филмските студија во Холивуд

10 тајни скриени во логoата на филмските студија во Холивуд

Овие логоа ни се познати уште од малечки, но многу малку од нас се запрашале што всушност тие значат. Погледнете некои од најинтересните приказни кои откриваат како настанале најпознатите логоа на филмските студија.

1. DreamWorks Pictures

(1)10-tajni-skrieni-vo-logata-na-filmskite-studija-vo-holivud-kafepauza.mk

Логото на ова студио требало да прикажува човек кој седи на месечината и лови риби. Артистот кој го нацртал, Роберт Хант, решил наместо возрасен човек, на логото да се наоѓа мало дете. И на крајот била одбрана оваа верзија. Без да сака, Роберт го направил цртежот на детето според неговиот син Вилијам, кој станал композитор и денес работи во музичката индустрија.

2. Columbia Pictures

(2)10-tajni-skrieni-vo-logata-na-filmskite-studija-vo-holivud-kafepauza.mk

Жената која држи факел што гори станала логото на Columbia Pictures во 1924 година. Она што е интересно е тоа што немало само еден модел според кој била направена сликата. Наместо тоа, тој е комбинација од повеќе различни модели. Најновата верзија, која е од 1992 година, е направена според сликата од обична американска домаќинка, Џени Џозеф, иако нејзиното лице е доста изменето за крајниот резултат.

3. Metro-Goldwyn-Mayer

(3)10-tajni-skrieni-vo-logata-na-filmskite-studija-vo-holivud-kafepauza.mk

Идејата за ова лого била на Хауард Диец во 1924 година. Оттогаш, ова студио имало 5 различни лавови на неговото лого: Слатс, Џеки, Танер, Џорџ и Лео.

4. Paramount Pictures

(4)10-tajni-skrieni-vo-logata-na-filmskite-studija-vo-holivud-kafepauza.mk

За ова лого, артистот Вилијам Ходкинсон нацртал планина која многу наликувала на планината Бен Ломонд во Јута, местото каде што пораснал. Во оригиналната верзија, направена во 1914 година, имало 24 ѕвезди: Ова бил бројот на актери што потпишале договор со студиото. Како и да е, денес на логото има 22 ѕвезди и никој не знае што претставуваат.

5. Warner Bros.

(5)10-tajni-skrieni-vo-logata-na-filmskite-studija-vo-holivud-kafepauza.mk

Логото изгледа многу јасно, штит на кој се наоѓаат иницијалите на неговите основачи (Браќата Ворнер). Но, постои и мала лага зад ова, Ворнер не било нивното вистинско презиме. Родителите на браќата биле имигранти од Русија, и нивното вистинско презиме било Вонсколасер.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар