КАФЕ ПАУЗА

7 работи што не сте ги знаеле за кармата

7 работи што не сте ги знаеле за кармата

Кармата иако важи за дел од спиритуалниот свет, таа е и универзален закон претставен од страна на Њутн како закон за акција и реакција. Самото име во јазикот санскрит значи „дело/акција“, што значи дека кармата е реакција на нешто што веќе сме го направиле, помислиле или почувствувале.rnrn7 работи што не сте ги знаеле за карматаrn

Како функционира кармата?

rnВо текот на изминатите илјадници години што сме ги поминале на овој и другите светови, ние сме активирале низа настани, во вид на верижна реакција. Секој момент од нашето дишење, дејствување, мислење и чувствување предизвикува промена во астралното и физичкото царство. Оваа промена на енергијата, подоцна или веднаш, ќе биде претворена во вистински настан што ќе се претвори во реалност. Со други зборови, она што го викаме „реалност“ е резултат на нашите дела, мисли, молитви и клетви од нашите сегашни и минати животи. Прочитајте ги следниве неколку работи што најверојатно не сте ги знаеле за кармата…rn

1. Кармата постои за да нѐ заштити од идното страдање

rnКармичкиот закон нема цел да нѐ казни и осудува. Кармата не е некаков единствен ентитет што ги мери нашите дела само за да нѐ награди или казни. Кармата е механизам чиј извор е самиот наш дух. Сите ние сме дел од тоа.rn

2. Целта на кармата е да нѐ ослободи од ова царство

rnСето страдање, сите награди и предизвици постојат за да нѐ научат како да тргнеме по вистинскиот пат. Кармичкиот закон постои за да ни помогне да еволуираме и да нѐ ослободи од бесмисленоста на постоењето.rn

3. Дури и најмалиот напор се исплати!

rnНе треба да се разочарувате доколку се чувствувате како да се наоѓате на дното од океанот. Дури и најмалиот напор може да ви помогне да ја промените верижната реакција. Само малата промена во начинот на размислување е доволна за да ви го даде она што го посакувате.rnrn7 работи што не сте ги знаеле за карматаrn

4. Кармата е научно докажана

rnПравењето добри дела влијае на нашиот мозок. Тоа стимулира позитивна реакција што може да нѐ излечи и да влијае врз нашиот живот на незамисливи начини!rn

5. Можете да ја прочистите кармата

rnПостојат начини на кои можете да ја прочистите кармата и да си го промените животот. Постојат техники што ќе ви помогнат да се ослободите од црната магија која можеби ве опседнала намерно или ненамерно.rn

6. Разбирањето на кармата може да ви помогне да се ослободите од лутината

rnОткако ќе разберете дека сѐ што се случува е предизвикано од човечките мисли и дела, ќе почнете да преземате одговорност. Без ова сознание, ќе останете заглавени во пеколот на незнаењето, омразата и лутината предизвикани од нашата сопствена несреќа. Разбирањето на кармичкиот закон ќе ве ослободите од болката и ќе ви помогне да ја преземете контролата во свои раце.rn

7. Секогаш може да се промени кармата

rnОткако ќе разберете дека сте одговорни за вашето минато, сегашност и иднина, тоа ќе ви даде можност да се промените. Секако дека не мора да се промените веднаш, но во одреден момент, ќе го направите вистинскиот чекор. Дајте си време онолку колку што ви е потребно и испланирајте си го животот. Времето нема граница.rnrnПрочитајте ги и следниве неверојатни приказни кои ќе ве натераат да верувате во карма.