10 тајни скриени во логoата на филмските студија во Холивуд

Сподели

rn

Реклама

6. Walt Disney

rnЛогото на најпознатото студио за анимирани филмови отсекогаш претставувало замок од некоја бајка. Во првата верзија, инспирација бил замокот Нојшвајнштајн во Германија. Во 2006 бил заменет со замокот на Пепелашка кој се наоѓа во Париз во Дизниленд.rn

7. Pixar

rnЛогото на ова студио е резултат од неговиот прв успешен филм. Луѓето толку многу го сакале краткиот филм Луксо Џуниор (Luxo Jr.) па малата ламба од филмот ја заменила бувката „i“ во името.rn

8. Castle Rock Entertainment

rnОва студио одамна е преземено од Warner Bros., но на почетокот (во 1980-тите) студиото правело филмски адаптации на книгите на Стивен Кинг. Името потекнувало од измислениот град Castle Rock, кој многу често се појавува во книгите на Кинг. На логото се наоѓа светилник од хорор филм од 1993 година кој е базиран на истоимената книга на Кинг, „Потребни работи“ (Needful Things).rn

9. Lionsgate

rnLionsgate е името на еден мост во Ванкувер – местото каде што бил роден основачот на студиото.rn

10. Scott Free

rnРежисерот Ридли Скот има негово сопствено филмско студио. Неговото лого прикажува човек кој се претвора во птица. Со ова е претставен човек кој се ослободува. Артистот кој го направил логото секое движење го нацртал одделно, а потоа го фотографирал.

Популарно

Може ќе ве интересира