Често паѓаме во замката на преживување и наоѓаме разни изговори зошто навистина не живееме. Животот ни дава многу шанси за остварување на нашите соништа, па затоа и се вели дека ни дава онолку шанси колку што ние самите посакуваме. Имајќи го ова на ум, следниве животни можности никако не би требало да ги пропуштите доколку сакате да го живеете сонот.rnrn
rn
1. Верувајте во својата интуиција
rnЖивотот е прекраток за да чекате. Дајте си фер шанса. Ќе бидете изненадени колкупати „што би било кога би било“ ќе ви успее. И не, не сте обврзани секогаш да успевате. Но, мора да продолжите да се обидувате.rn
2. Верувајте во вашите способности
rnВо себе имате сѐ што ви е потребно за да станете најдобрата верзија од себе. Верувајте дека можете. Верувајте дека сте способни да чекорите понатаму и да вложувате уште повеќе енергија. Верувајте дека сте доволно млади, доволно стари, доволно паметни и доволни силни за постигнување на вашите цели.rn
3. Гледајте го стравот во очи
rnЧесто е тешко да израснете во најдобрата верзија од себе, но вистинска трагедија е да дозволите стравот да ве спречи. Веднаш прифатете дека стравот не постои никаде освен во вашата глава. Бидете храбри! Следете ги вашите соништа и цели.rnrn
rn
4. Направете чекор напред уште денес
rnЕден ден вашиот живот во ова тело ќе ве пресретне. Извинете што сме драматични, но тоа е вистина. Животот не започнува кога ќе ви се поклопат сите ваши услови. Ова е ваше време. Не трошете го на чекање.rn
5. Ставете ги вашите цели како приоритет
rnАко сакате да живеете среќен, исполнет живот, врзете се за планирани цели, наместо за луѓето и материјалните работи. Никогаш немојте да се откажете од нешто што ви е важно. Не затоа што го имате утрото за повторно да се обидете, туку затоа што можеби утре никогаш нема да дојде.rn
6. Одржувајте ги вашите стандарди
rnЗастрашувачки е да се преправате дека најважните работи всушност и не ви се толку важни. Да се преправате дека љубовта и почитувањето не ви се потребни иако знаете дека ви се. Да се лажете себеси велејќи дека сѐ е во ред, тогаш кога не е. Заклучок – доколку доволно се сакате себеси, никогаш немојте да ги намалувате вашите стандарди.rn
7. Бидете упорни после одбивањето или неуспехот
rnКога нешто добро нема да ви успее, тоа често значи дека сте пренасочени кон нешто уште подобро. Бидете трпеливи. Бидете позитивни. И запомнете, без разлика на тоа колку грешки ќе направите или колку бавно ќе напредувате, вие секогаш ќе бидете многу подалеку од оние кои воопшто не се ни обидуваат.rnrn
rn
8. Бидете искрено љубезни кон сите
rnЉубезноста во зборовите создава самодоверба и мотивација. Љубезноста во размислувањето создава позитивност и можност. Љубезноста во давањето создава сила и љубов. Низ љубезноста имате можност да направите големи промени во секој живот што ќе го допрете, вклучувајќи го и вашиот.rn
9. Бидете чудни на свој начин
rnСите ние сме чудни. Животот е чуден. Кога ќе наидеме на една таква чудна единственост во светот која нè тера напорно да работиме, тоа го нарекуваме страст. Кога ќе пронајдеме некој чија чудност е необично компатибилна со нашата, тоа го нарекуваме љубов.rn
10. Затворете ја вратата на старите приказни
rnДржењето до она што повеќе не постои, многумина од нас ги спречува во личното растење. Некои од нас поминуваат поголем дел од својот живот прераскажувајќи го минатото и дозволувајќи му тоа да влијае на сегашноста. Немојте да губите време обидувајќи се да живеете во некое друго време и простор.