Иако на прв поглед изгледа комплицирано, вреди да ја направите оваа торта.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 100 грама листови од бадеми
- 200 гр мелени бадеми
- 4 јајца
- 220 гр шеќер
- 100 мл слатка павлака
- 250 гр путер
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗагрејте ја рерната на температура од 180 Целзиусови степени. Ставете ги листовите од бадеми на хартија за печење и печете ги во рерна некое време, додека не поруменат.rnrnПодготовка на филот:rnrnОдделете ги жолчките од белките. Во мало тенџере ставете ги жолчките со 80 гр шеќер и 100 мл слатка павлака и загрејте ги на тивок оган, мешајќи постојано со жицата, додека смесата не почне да згуснува. Внимавајте да не зоврие!rnrnКога кремот ќе се згусне, изладете го ставајќи го тенџерето во поголемо тенџере што претходно ќе го наполните со ладна вода. Мешајте постојано со жицата додека филот не се излади.rnrnСо миксер изматете ги путерот и изладениот крем. Ставете го филот во фрижидер.rnrnПодготовка на кората:rnrnЦврсто изматете ги белките и додајте 120 гр шеќер. Полека промешајте ги мелените бадеми.rnrnСтавете хартија за печење на плех и формирајте правоаголник од тестото.rnrnПечете ја кората на температура од 180 Целзиусови степени, не подолго од 15 минути.rnrnОтстранете ја хартијата и оставете ја кората да се излади. Потоа, пресечете ја на два дела.rnrnПремачкајте ја едната кора со една третина од филот, ставете ја другата кора и премачкајте ја целата торта со остатокот од филот.rnrnОдозгора посипете ги сите листови од бадеми.rnrnПогледнете како да направите зебра торта што не се пече.