Компанијата „Орео“ ги пушти во продажба најновите колачиња со вкус на „огномет“ (Firework-flavoured) во вторникот, но тоа не е единствената причина за славење. Имено, познатата фирма за Орео колачиња ги повика потрошувачите да го смислат најновиот вкус за овој познат десерт.rnrn
rnrnПобедничката идеја ќе добие дури 500.000 долари! Но, и првите неколку места ќе заработат пари. За да се пријавите, објавете ја вашата идеја на Инстаграм или Твитер со тоа што ќе ги употребите хаштаговите #myoreocreation и #contest.rnrnОрео ќе одбере три финалисти кои ќе добијат по 25.000 долари и ќе ги видат нивните идеи реализирани во продавниците ширум светот наредна година. Потоа, луѓето ќе можат да гласаат за да го одберат победникот кој ќе добие ни помалку ни повеќе, туку 500.000 долари!rnrnКреативните љубители на колачиња имаат можност да смислат предлози до 14-ти јули. Наша препорака е уште веднаш да отидете до продавница и да си купите Орео колачиња за да добиете инспирација.rnrnПогледнете некои од идеите во следново видео…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=fOsPDYHQFbArnrnДоколку немате никаква идеја, погледнете ги овие 3 слатки десерти со Орео колачиња, па можеби ќе се сетите на нешто интересно.
Компанијата „Орео“ ќе ви плати половина милион долари ако смислите нов вкус за познатите колачиња!
