Сигурно знаете дека треба да ги негувате врските што ги имате со луѓето во вашиот живот. Треба редовно да се гледате и да контактирате за да го одржите пријателството и добриот однос. Меѓутоа, понекогаш иако сте направиле планови со некого цела недела однапред, повеќе ви се седи дома во друштво на омилената серија. Во ред е да ги откажете планови, но имајте на ум дека никој не сака да биде зезнат. Еве како треба да ги откажете направените планови за луѓето да го задржат доброто мислење што го имаат за вас…rnrn
rn
Направете го тоа што е можно порано
rnОва е најважната работа што можете да ја направите за не предизвикате голема неволја. Не заборавајте дека некој човек одвоил време за вас, можеби дури и откажал други планови. Знаеме дека лесно е да се откаже преку порака, но известувањето неколку часа однапред може да направи голема разлика. На тој начин нема да навредите никого и нема да уништите нечија вечер.rnrn
rn
Одбегнете лажење
rnМногу е важно да ги откажете плановите што е можно порано, бидејќи колку подолго чекате толку поневеројатен изговор ќе смислите. Не звучи многу веројатно ако кажете „Само што сакав да излезам, кога машината за садови експлодира!“, се согласувате? Верувајте ни дека навистина не би сакале една голема лага да се провлекува во текот на целото ваше пријателство. Само бидете искрени и признајте дека едноставно не ви се излегува. Ако баш мора да излажете, не претерувајте и кажете дека не се чувствувате добро.rn
Преземете одговорност за непријатната ситуација што сте ја предизвикале
rnАко станува збор за активност која сте ја планирале подолго време или за платен билет, најлошото нешто што можете да го направите е да ја оставите личноста сама да се снајде. Обидете се да најдете заеднички пријател кој би сакал да оди наместо вас и бидете подготвени да го преземете трошокот на ваша сметка, ако не успеете да најдете друго решение.rnrn
rn
Одложете за друг пат
rnАко навистина би сакале да ја видите личноста друг пат, веднаш обидете се да ги одложите плановите. Тоа ќе покаже дека вашето откажување не е знак на тоа колку многу (или малку) ги цените луѓето. Но, бидете сигурни дека навистина сакате да ги одложите плановите пред да понудите, бидејќи второто откажување не се простува така лесно како првото.rn
Обидете се да не откажувате планови повторно во иднина
rnСосема човечки е ако понекогаш посакате да ги откажете плановите. Но, доколку тоа се случува секојдневно, вашата потсвест се обидува да ви каже нешто. Можеби закажувате премногу планови и се истоштувате. Можеби мислите дека вашите друштвени обврски ви пречат во извршувањето на работата или во семејниот живот. Запаметете дека нема ништо лошо во тоа доколку веднаш ја одбиете поканата. Треба да знаете да кажете „Не“.rnrn
rn
Возвратете ја услугата
rnНареден пат кога некој пријател ќе ви ги откаже плановите, а сигурно ќе се случи тоа некогаш, имајте разбирање. Не можете да знаете кога вие ќе чувствувате како да сте се залепиле на каучот и ќе сакате да останете дома.rnrnДоколку сакате да дознаете колкава е вашата учтивост, прочитајте ги овие 8 карактеристики на културните луѓе според Чехов.