10 знаци на телото што откриваат дека не сте толку здрави колку што мислите
Човечкото тело е неверојатна машина што треба редовно да се сервисира. Токму затоа многу е важно да послушате што ви говори вашето тело. Во продолжение следуваат 10 знаци што не смеете да ги игнорирате, бидејќи ви велат дека не сте онолку здрави колку што мислите.
1. Седа коса пред 40 години
Седите влакна се природна појава што најчесто зависи од генетиката. Но ако имате повеќе од 50% седа коса уште во 30-тите години во животот, а не сте имале такви случаи во семејството, тоа може да биде знак за дијабетес.
2. Младежи
Иако повеќето младежи на телото се безопасни и бенигни, некои можат да бидат прилично опасни, особено оние што настанале од сончање. Сенилната или актинската кератоза настанува под влијание на сонцето и неговото УВ зрачење, па се претвора во преканцерогена промена на кожата.
3. Очи
Белката на очите секогаш би требало да биде бела. Ако не станува збор за ненаспаност, настинка или некаков вид алергиска реакција, промената на бојата може да ви открива опасни промени во вашиот организам. На пример, жолтата белка може да биде знак за жолтица или за проблеми со црниот дроб и жолчката. Црвената е знак за висок крвен притисок или вирусно заболување како конјунктивитис.
4. Испукани усни
Непријатните пукнатини на усните можат да бидат предизвикани од промени на температурите и ветрот. Но оние кои се јавуваат на завршетоците од усните и се претвораат во внатрешни рани, може да бидат знак на недостаток од витамин Б и цинк. Ако пукнатините се честа појава, може да укажуваат и на габична инфекција.
5. Отечен врат
Ако сте забележале дека вратот ви изгледа отечено, веднаш побарајте помош од доктор. Отокот на предниот дел од вратот најчесто се поврзува со проблеми со тироидната жлезда, што се вообичаени кај жените меѓу 20 и 50 години.
6. Губење веѓи
Веѓите со годините стануваат поретки, но наглото губење влакненца може да биде знак за проблемите со тироидната жлезда – хипертиреоза (прекумерна работа) или хипотиреоза (намалена работа). Овие промени се проследени и со губење на косата.
7. Црвени дланки
Вжарените дланки можат да бидат предизвикани од дерматитис, егзем или одредени алергиски реакции на метал, лекови, храна или пиење. Од друга страна, овие промени можат да бидат знак и за отежната работа и болест на црниот дроб.
8. Промени на ноктите
Ноктите можат многу да ви откријат за вашето тело, а промените настануваат од различни причини. Секоја од нив треба да биде внимателно испитана од страна на доктор.
9. Ладни стапала
Стапалата се најоддалечениот дел од срцето, па поради тоа и васкуларните болести најпрво се манифестираат на нив. Рајнаудовата болест е автоимуна болест што предизвикува стегање на жилите во рачните и ножните прсти, носот и ушите, па затоа тие стануваат судени, бледи, па дури и почнуваат да трпнат.
10. Црвени образи
Иако наглите промени на лицето се сосема вообичаени кај жените меѓу 30 и 55 години, најчесто предизвикани од промените во хормоните, температурата и лутата храна, тие исто така можат да укажуваат и на Розацеа – хронична болест чија причина е непозната, а најчесто ги напаѓа поголемиот дел од жените.
Прочитајте и за овие утрински проверки на телото кои можат да ви го спасат животот.