Момците ова никогаш нема да го разберат, но без разлика, ние ги знаеме нашите маки. Никогаш немаме време да го завршиме она што сме го испланирале за дента и секогаш нешто ни излегува од контрола. За да не ги губите нервите на непотребни работи, денес ќе ви откриеме неколку трикови кои ќе ги засакате веднаш штом ќе ги испробате.rnrn
rnrnКолкупати ви се случило само неколку минути по лакирањето на ноктите да се обидете да го земете телевизискиот управувач или сте добиле нова порака на вашиот телефон, па за момент сте уништиле сè? Ако никогаш не сте ја доживеале оваа ситуација, најверојатно не сте девојка. Она што може да ви помогне лакирањето на ноктите да стане помалку трауматично искуство е фенот. Сè што треба да направите е да го држите неколку минути над ноктите. Важно е само да го вклучите на ладен воздух и ноктите ќе се исушат побрзо.rnrn
rnrnЗошто прво би ја сушеле косата, а потоа со фигаро или преса би правеле локни и бранови? Доколку ви е потребна фризура за секој ден, измијте ја косата, сплетете две плетенки додека косата е мокра, па исушете ја. Кога косата ќе биде потполно сува, расплетете ги и ќе добиете совршени бранови.rnrn
rnrnУште еден трик со фен. Сите ние знаеме дека после туширањето огледалата во бањата остануваат замаглени. Најбрз начин да ги средите е да вклучите фен. Овој пат не е важно дали воздухот ќе биде ладен или топол. Испробајте и решете го проблемот за само неколку секунди.rnrn
rnrnСочувајте ги ролните од тоалетна хартија. Тие може да ви послужат како футроли за предметите кои ви се расфрлани насекаде низ домот. На тој начин сè ќе ви биде средено. Можете да си поиграте и да ги украсите, за да имате оригинални држачи за моливите и останатиот прибор – за девојките барем, никогаш не им е доста.rnrn
rnrnМажите се, по некое правило, жестоки возачи, додека пак „сите девојки се русокоси и не знаат да возат во рикверц“. Но, ние имаме еден совет за сите девојки возачи – фаровите најубаво се чистат со паста за заби. Нанесете, истријте, исплакнете и само гледајте како сјаат. Па дури и вашето момче ќе ви симне капа за овој трик.rnrn
rnrnДоколку спаѓате во онаа група девојки кои патат поради тенка и слепена коса, ние имаме решение за вас. После миењето на косата, сушете ја така што главата ќе ја наведнете надолу. На овој начин косата ќе добие волумен и нема да биде слепена на темето.rnrn
Олеснување во секојдневниот живот: Неколку корисни совети за девојките!
