Бојата за коса содржи над 5.000 хемикалии за да може да постигнете добри резултати. Бојадисувањето е процес што ѝ се спротивставува на природата на вашата коса, што значи дека треба да бидете внимателни пред, за време на бојадисување и откако ќе го направите тоа. Русата или црвената нијанса може да изгледаат одлично на вас, но ако сакате бојата да трае подолго време, има неколку работи што треба да ги направите и неколку работи што треба да ги избегнувате по секоја цена.rnrnВо продолжение прочитајте како да ја одржувате бојата на вашата коса.rn
1. Откако ќе ја бојадисате косата, одложете го првото миење колку што можете повеќе
rn
rnrnОткако ќе ја бојадисате косата, добро е да почекате најмалку 2 дена пред да ја измиете првпат. Тоа е затоа што косата е многу чувствителна по процесот на бојадисување и ако ја измиете, може да избледи многу побрзо.rn
2. Користете соодветна маска за коса
rn
rnrnНе заборавајте да ставате маска за коса. Таа ќе ви помогне во зајакнувањето и во негувањето на вашата коса и ќе ја подготви за следното бојадисување.rn
3. Користете УВ-заштита и обидете се да ја скриете косата од сонцето
rn
rnrnКористете производи со УВ-заштита бидејќи сонцето може да ви биде најлошиот непријател и топлината може да направи вашата боја да исчезне. Користете средства што можат да траат подолго време на вашата коса.rn
4. Исплакнете ја косата со ладна вода
rn
rnrnПлакнете ја косата со поладна вода за да ви биде здрава и сјајна. Миењето на косата со топла вода ќе ги отвори кутикулите на вашата коса, што ќе резултира во суви краеви и избледена боја.rn
5. Користете соодветен сув шампон кога не ја миете косата
rn
rnrnМијте ја косата колку што е можно помалку. Сигурно сте забележале дека бојата паѓа додека ја миете косата. Во деновите кога не ја миете, користете соодветен сув шампон за бојадисана коса затоа што тој ќе ви помогне да ја одржувате косата убава и сјајна.rnrnВо продолжение прочитајте кои постапки може да ви ја уништат бојата на косата.rn
1. Не користите балсам за коса
rn
rnrnНегувањето на косата е задолжително откако ќе ја бојадисате. Тоа е затоа што вашите прамени ја губат влажноста за време на процесот на бојадисување. Ако не користите балсам, вашата коса ќе стане сува и ќе ги изгуби сјајот и бојата.rn
2. Користите алатки за стилизирање што работат на топлина
rn
rnrnБојадисувањето на косата и стилизирањето со алатки на топлина не е добра комбинација. Ваквите алатки ќе направат бојата на вашата коса да избледи и доволно е да ги користите само 5 секунди за да забележите промени. Ова се случува затоа што пеглата за коса ја поставувате на 400 степени, а таквите високи температури влијаат на вашата боја и може да ја осветлат косата.rn
3. Пливање во базени со хлор
rn
rnrnБоите за коса содржат хемикалии, така што тие може да реагираат со други хемикалии, како што е хлорот што го има во базените. Хлорот може да се користи како средство за избелување и може да ја претвори бојата на вашата коса во посветла нијанса.rn
4. Користите производи со сол, сулфати и детергенти
rnТреба да користите производи што не содржат хемикалии или што содржат многу малку. Користењето на такви производи ќе ја отстрани целата боја бидејќи нивната функција е хемиски да исчистат сè, вклучително и бојата на вашата коса.rn
5. Триење на косата со крпа
rn
rnrnТриењето на косата може да биде навистина штетно, особено откако ќе ја бојадисате. Оваа постапка ќе ја направи вашата коса послаба и ќе влијае на бојата. Наместо тоа, завиткајте ја косата со микрофибер крпа и оставете ја да се исуши.rnrnПогледнете ги овие фризури што ќе ви помогнат да го скриете израстокот на косата.